ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

Шестмина сигурно ќе останат во Јунајтед, сите други се на продажба

Макфакс/Кајгана
/ 25.12.2024 / 17:15

Манчестер јунајтед секојдневно е тема во англиските медиуми. Славниот клуб Божик го дочека на 13. место во Премиер лигата, што е најлош пласман од 1986 година.

Шок терапијата на „Олд Трафорд“, заминувањето на Ерик тен Хаг и ангажманот на Рубен Аморим, барем сасега не донесе резултат. Португалецот досега забележа 4 победи и порази и 1 реми.

Јасно е дека Аморим подготвува промени во тимот кој не го селектираше. Најголем дел од играчите дојдоа во мандатот на Тен Хаг.

Според медиумите во Англија, Аморим составил листа на играчи кои мора да останат во клубот, сите останати можат да си заминат. Листата е кратка, на неа се: Андре Онана, Матајс де Лихт, Лени Јоро, Нусаир Мазрауи, Коби Мејну и Амад Диало.

Аморим верува дека тие се иднината на клубот и сака тимот да го гради околу нив.

Познато е дека први во редот за заминување се Маркус Рашфорд, Хари Мегваер, Виктор Линделеф, но интересно ќе биде доколку пристигнат понуди за досега незаменливите Бруну Фернандеш, Лисандро Мартинес, Диогу Далот, како и скапо платените Антони, Расмус Хејлунд и талентираниот Алехандро Гарначо, кој исто така падна во втор план.

Се шпекулира дека Џошуа Зиркзе би можел да се врати во Италија во зимскиот преоден рок, а исто така сигурно е дека последните денови во Манчестер ги бројат Касемиро, Кристијан Ериксен…

Нема сомнеж дека 2025 година веројатно ќе биде најтурбулентната година на „Театарот на соништата“.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Фудбал

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Read more

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Read more

Алонсо отпуштен по расправија со тројца клучни играчи, проблемите почнале во октомври

Read more

Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес

Read more
 

Спорт

  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе

Евролигата сака да ја тужи НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Читај повеќе

Алонсо отпуштен по расправија со тројца клучни играчи, проблемите почнале во октомври

Читај повеќе
  • play_arrow

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Читај повеќе

Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес

Читај повеќе

Лоши вести за Јокиќ

Читај повеќе

Манчестер Јунајтед не бил вака лош 111 години, ќе одигра рекордно малку натпревари

Читај повеќе