Петер Шмајхел беше дописник на CBS Sport на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Селтик. Резултатот? Разорни 7:1 за Германците.
На трибините, Петер не беше таму само како новинар, туку и како татко: неговиот син Каспер, голманот на Селтик, доживеа кошмарна вечер под ударите на „Жолто-црните“. Уште на самиот почеток направи фаул за пенал, по што почна голеадата.
По крајот на натпреварот Петер се пошегува со Карим Адејеми, кој постигна хет-трик: „Никогаш нема да ти простам за тоа што му го направи денеска на мојот син“, по што настана смеа во студиото. Но, за Каспер вечерта беше сè само не забавна.
Додека излегуваше од теренот, Петер го тешеше: „Беше лош ден. Прифати го она што е и биди лидер во соблекувалната“.
Покрај трите гола на Адејеми, за Борусија погодија и Емре Џан, Серж Гираси на двапати и Феликс Нмеча, додека за шкотскиот шампион погоди Даизен Маеда кога израмни на 1:1 во 9-тата минута.
Борусија Дортмунд беше незапирлива: 7 гола завчера, 3 на претходниот натпревар. А Каспер? Вечер за заборав, но татко како Петер Шмајхел знае точно како да се издигне.
Каспер Шмајхел од летоска е во Селтик, каде дојде после една сезона мината во Андерлехт. Претходно исто така една сезона беше во Ница, а дојде по 11-годишна авантура во Лестер Сити.