Шок за Рома: Загуби 3:0 службено од Верона

Грешката со регистрацијата на фудбалерот од Гвинеја ја чини Рома пораз на зелена маса уште на стартот од новата сезона во Серија А.

Спортскиот суд при Серија А донесе пресуда Верона да го добие со службени 0:3 натпреварот игран во саботата во Рим против Рома кој заврши 0:0.

Пресудата е резултат на тоа што Рома настапи со играч со погрешна регистрација. Имено, Гвинеецот Амаду Дијауара не бил запишан во листата од 25 пријавени првотимци, туку во онаа додатната за играчи до 22 години. Арно ама, Дијауара во јули наполни 23 години и повеќе не се смета за млад фудбалер, што значи може само да биде регистриран во првиот тим. Минатата сезона настапуваше како млад играч.

Рома веќе ја исправи грешката и го вметна во првиот тим, но касно.

Римјаните најавија дека ќе се жалат на одлуката иако правно немаат основа за тоа бидејќи грешката е навистина направена. Сепак, „Волчицата“ се надева на добра воља од страна на Лега Калчо бидејќи пропустот не влијаеше на натпреварот и со ништо не ѝ даде предност на Рома со оглед на тоа што имаа слободни места за уште играчи во првиот тим (не им беа пополнети сите 25 места).

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе