Шокантна исповед: Десетмина редовно местат натпревари

Неименуван млад холандски тенисер за медиумите во својата татковина изјави дека пред две години дознал за шема за местење тениски натпревари и тоа од својот поранешен партнер со кој се натпреварувал во двојки.

Како што тој тврди, има дури десет професионални играчи кои редовно местат натпревари за да обезбедат дополнителен приход, а четворица од нив се Холанѓани.

„Делев соба со друг тенисер и разговаравме за тоа како успеваме финансиски да ги покриеме трошоците за професионален тенис, кои честопати се многу скапи. Играчите треба сами да платат за сѐ - патувања, сместувања, понекогаш дури и за тренер и за терен за тренинг. Тука се појави темата за местење натпревари - тој играч ми рече дека има друг мобилен телефон, од кој со непознато лице преку пораки известува за тоа кога ќе загуби сет на одреден натпревар во замена за неколку илјади евра. Бев изненаден - во принцип знаев дека тоа постои, често имаше сомневања во некои ситуации, но претпоставував дека тенисерите генерално се 'чисти'“, за NOS изјави неименуваниот холандски тенисер.

„Досега не сакав да го пријавам овој случај - делумно затоа што мојот партнер во двојки беше мој пријател, а делумно затоа што тогаш и јас ќе бев предмет на истрага. Ќе морав да го предадам телефонот и слични работи. Покрај тоа, понекогаш се обложувам на тенис за забава, што може да предизвика проблеми“, продолжи младиот Холанѓанец.

Покрај играчите од Холандија, според анонимниот тенисер во овој механизам за местење се вклучени и играчи од Франција, Шпанија и Белгија.

Судските власти во Холандија велат дека ќе биде покрената постапка, но дека не е шокантно што некои играчи се одлучиле да местат, бидејќи од десетици професионални тенисери во таа земја, само неколкумина можат добро да заработат. По овој повод се јави и Холандската тениска асоцијација и го осуди фактот дека играчи од таа земја учествуваат во вакви недозволени постапки.

Моментално најдобро рангираниот холандски тенисер е Талон Хрикспор, кој е на 118-тото место на АТП листата, но тој не е споменат во врска со овој контроверзен случај.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе