КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА САД 2024

Шоу на Шакира на финалето од Копа Америка: Изведбата вклучуваше ВИ елементи

Колумбиската пејачка Шакира синоќа настапи на полувремето од финалето на Копа Америка на стадионот „Хард Рок“ во Мајами Гарденс и воодушеви со својата енергична изведба и специјалните ефекти.

Нејзиниот настап вклучуваше и елементи со вештачка интелигенција, како  завивање на голема волчицата на самиот почеток на настапот, по што на сцената се појавила колумбиската пејачка.

Шакира пристигна во блескава комбинација од сребрен топ, кратко здолниште и соодветни чизми.

За време на изведбата на енергичната песна за отворање и хитот кој ја одбележа нејзината кариера „Hips Don't Lie“, и се придружи толпа танчери, а пиротехника го комплетираше искуството.

За нејзината изведба на „Te Felicito“, „TQG“ и „Puntería“ од нејзиниот последен албум „Las Mujeres Ya No Lloran“, сцената ја опкружија зелени пламени, лебдечки црвен накит и море од смарагднозелени бранови.

Шакира ќе тргне на светска турнеја која ќе започне во ноември во арената „Acrisure“ во Палм Дезерт во Калифорнија на 2 ноември. Тоа ќе биде прва турнеја на колумбиската ѕвезда од 2018 година.

Таа претходно за Rolling Stone изјави: „Мислам дека ова ќе биде најголемата турнеја во мојата кариера досега, најобемна, со најголем опсег“.

Додаде дека нејзините концерти обично траат околу 90 минути, но дека овие ќе траат нешто повеќе од 2 часа.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Музика

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Read more

Северина со црвена ракавица ги поддржа студентските протести во Белград: Пумпај!

Read more

Пејачката Енџи Стоун загина во сообраќајна несреќа

Read more

Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Читај повеќе
  • filter

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Aндреј од ДНК загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Само една епизода во историјата на телевизијата добила 10/10 на IMDb

Читај повеќе