Шпагетите подготвени со црвена зелка на сечуански начин се многу ароматични и лесни, а и брзо се прават.

Потребни состојки:
- ½ црвена зелка
- ½ лажичка зрна бибер
- 5 гр коријандер
- сок од 1 лимон
- 3 лажици таан
- 2 чешниња лук
- 3 лажички соја сос
- 1 лажичка малсиново масло
- 1 лажичка лута пипер
- 140 гр шпагети
Подготовка:
Црвената зелка ситно исечкајте ја и измешајте ја со испржени и лесно згречени зрна бибер, грубо исечкан коријандер и некои зачини по желба. Исцедете го сокот од лимон и потоа добро измешајте го. Во голема чинија измешајте таан, рендан лук, соја сос, маслиново масло и црвена лута пипер.
Гответе ги шпагетите во тенџере со зовриена солена вода според упатствата на пакувањето, додека не омекнат. Исцедете ги и зачувајте 125 мл од водата во која се готвеле. Измешајте ја таа вода во сосот од таан, а потоа измешајте ги тестенините. Поделете ги тестенините помеѓу два сада и одозгора ставете од салатата од црвена зелка.
За вистинско азиско уживање, можете да ги јадете со стапчиња.