Шпанците открија како Чави го измамил Лапорта

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во својот дом одржал средба со сега веќе поранешниот тренер на каталонскиот тим, Чави, на која поранешниот тренер го уверил дека има целосна доверба во сегашниот тим и дека во следната сезона ќе одат со мали промени.

Ова е идејата што постоеше во клубот, па беше одлучено да се задржи Чави, а изненадувањето се случи неколку дена подоцна кога Барселона беше поразена од Жирона со 4:2 по што тренерот истакна дека на Барселона ѝ се потребни играчки промени, открива Marca.

Бил направен извештај заедно со спортскиот директор Деку, а Чави ги презентирал своите барања до спортскиот оддел на Каталонците и сакал четири нови играчи на секоја позиција во тимот.

Сакал да го доведе Мартин Зубименди или Јосуа Кимих на позицијата заден играч од средниот ред, го сакал Хуан Фојт на страничната позиција, а во средниот ред планирал да го доведе Бернарду Силва додека планирал да ја засили крилната позиција со Нико Вилијамс.

Освен Фојт, сите имаат приближна цена која се движи меѓу 50 и 60 милиони евра, што е неприфатливо за Каталонците во моментов.

Тоа не му се допаднало на претседателот на Каталонците, кој ќе морал да продаде некои од сегашните играчи за да ги доведе засилувањата кои ги бара Чави, па поранешниот играч за врска на Каталонците сакал да се ослободи од Витор Роке, Ориол Ромеу и Маркос Алонсо како и од Роберт Левандовски, Жуау Феликс и Жуау Канселу.

Друг фудбалер кој Чави сакал да го продаде бил Рафиња бидејќи чувствувал дека крилните позиции се добро покриени со Ламин Јамал и Нико Вилијамс, додека Феран Торес ќе дејствува од клупата како замена за двете крилни позиции.

Друг играч кој требало да си замине беше Френки де Јонг за да се соберат средства за Бернарду Силва, но Лапорта не сакал да пушти толку играчи бидејќи сметал дека сегашниот состав е добар и дека со некои промени може да биде конкурентен.

Да потсетиме, Чави на каталонската клупа ќе го наследи Ханси Флик, поранешниот тренер на Баерн и германската репрезентација.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Фудбал

Конте: Сега сè е во наши раце

Read more

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Read more

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Read more

As за драмата пред Ел Класико: Ова е контаминирано финале

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Читај повеќе

Конте: Сега сè е во наши раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Читај повеќе

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Читај повеќе

As за драмата пред Ел Класико: Ова е контаминирано финале

Читај повеќе

Телевизијата на Реал пред финалето со Барса удри по судијата Бенгоечеа

Читај повеќе

Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Читај повеќе