Шпанската песна за Евровизија била наменета за Џеј Ло

Песната „SloMo“ на пејачката Шанел, која оваа година ја претставува Шпанија на Евровизија, првично била наменета за поп-ѕвездата Џенифер Лопез, открива холандскиот весник BD.

Холандскиот продуцент Арјен Тонен ја напишал песната имајќи предвид дека ќе биде изведена од Џеј Ло, што има смисла со оглед на музичкиот жанр на песната.

Со регетон ритам и латиноамерикански призвук, се истакнува дека вакво нешто може да се слушне на подиумот за танцување во Порторико. Родителите на славната пејачка потекнуваат од овој остров и таа често зборува за својата гордост и поврзаност со околината.

Нејзината љубов и почит кон латино наследството ѝ даваат вистинска автентичност на нејзината музика - и не е ни чудо што таа се смета за пионер на латино поп жанрот на глобално ниво.

За жал на Џеј Ло, но за среќа на евровизиските фанови, таа никогаш не одговори на предлогот на Арјен и покрај неговото огромно искуство.

Remote video URL

BD известува дека Тонен има повеќе од десет години искуство во музичката индустрија и дека, покрај неговата продукциска работа, стекнал слава и како диџеј Swacq.

Загубата на Џеј Ло во овој случај е добивка на Шанел Тереро бидејќи „SloMo“ се искачи на второто место на Spotify Global Viral листата.

Сепак, по фестивалот Benidorm и претставувањето на песната, пејачката беше обвинета за плагијат со копирање на песна на српската пејачка Дара Бубамара.

И покрај притисоците на социјалните мрежи, нејзината победа не беше повлечена, па Шанел ќе настапи во Торино каде се одржува годинашното издание на Евровизија.

Инаку, Шанел Тереро е Кубанка која со авоите родители на тригодишна возраст имигрирала во Каталонија, земјата на нејзините предци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе