Шпецле - заборавено југословенско јадење

Шпецле е старо јадење кое се прави од тесто, а може да се јаде и во солена и во блага варијанта. Ова јадење домаќинките во Југославија често го служеле, а денес речиси никој ниту го знае ниту го пробал.

Се работи за традиционално германско јадење (Spätzle) од регионот Швабија кое некогаш ширум Југославија било често подготвувано. Шпецлите се замена за тестенини и можат да се служат на најразлични начини, а подготовката е многу едноставна, како што се и евтини состојките.

Потсетува на подготвување кнедли за супа, а може да се служи како замена за шпагети, како додаток за месо во сос, со гулаш, со кашкавал... Дури постои и блага варијанта на ова јадење, па може да го послужите со мак, ореви, чоколадо... Југословенските домаќинки знаеле што е добро, па ова јадење често се наоѓало на трпезите ширум старата држава.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 3-5 лажици брашно
  • прстофат сол

Подготовка:

Изматете ги јајцата и постепено додавајте брашно бидејќи смесата не смее да биде премногу густа. Тестото треба да биде погусто отколку она за палачинки, а многу поретко од она што се прави за резанки за супа. Над тенџере со провриена вода поставете ренде и со лажица турајте од смесата и потоа полека повлекувајте низ дупките за да направите шпецли и тие да паднат во водата. Доколку имате округло ренде, ставете го над тенџерето и на ист начин ставајте и рендајте го тестото. Сварените шпецли ќе испливаат на површина, потоа процедете ги, прелијте ги со масло, промешајте и поклопете. Постапката повторувајте ја додека не го потрошите тестото.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе