Што ако Месечината имаше своја месечина?

Месечината е единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Просечното растојание од Земјата до Месечината изнесува 384.400 километри, така што светлината од Месечината до Земјата пристигнува за 1,25 секунди.

Се смета дека Месечината настанала пред околу 4,5 милијарди години, по судир на комети. При ударот била исфрлена голема количина материјал во Земјината орбита од кој бил обликувана Месечината. Таа и релјефно е многу интересно небесно тело.

Месечината е цврсто небесно тело со пречник од 3473,3 километри. По површина, таа е 14 пати, по обем е 50 пати, а по маса е 80 пати помала од Земјата. Гравитацијата на Месечината е шестпати помала отколку онаа на Земјата.

Во текот на еден месечев ден, кој трае 14 земски дена, температурата се искачува на +120 °C, а во текот на ноќта се спушта до -160°С. Токму овие промени се причина нејзината површината да биде пустинска и безживотна, составена од карпи и длабок слој на прав. Месечината била покриена со кратери формирани од астероиди кои паѓале на месечината по нејзиното создавање. Некои од нив ја пробиле месечевата кора, при што лавата истекла на површината. Тоа се темните „мориња“ кои можат да се видат од Земјата.

Месечината околу Земјата се движи по елипсовидна патека со просечна брзина од 1,02 км/сек, и поминува дневен лак од 13 степени и 10 минути. Едно цело свртување околу Земјата прави за 27 денови, 7 часа и 11,5 секунди, што се нарекува сидерички месец. Месечевата патека е подложна на силни температурни вибрации што ги предизвикува Сонцето, па наклонот на патеката спрема еклиптиката во текот на 173 денови се менува од 5 степени до 5 степени и 18 минути.

Гравитацијата на Земјата ја врти Месечината околу нејзината орбита. Месечината се оддалечува 3–4 сантиметри од Земјата. Гравитацијата на Месечината ги привлекува нашите океани, предизвикувајќи „прилив“ (плима) и “одлив“ (осека) и го забавува ротирањето на планетата Земја за еден стотти дел од секундата на еден век. Ние, од Земјата постојано ја гледаме истата страна на Месечината. Имено, околу 40 % од површината на Месечината за нас е невидлива.

На Месечината нема атмосфера за да може да се пренесува звук, а поради немањето атмосфера Месечината многу брзо се лади и се загрева.

Месечината отсекогаш била голема мистерија за нас, а теориите на заговор дека човекот никогаш воопшто не ни стапнал таму се актуелни и ден-денес. Factnomenal одговара на едно друго многу скокотливо прашање што ги интригира научниците и ентузијастите со децении, а тоа е – Што ако Месечината имаше своја месечина?

Remote video URL
Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе