Многу животни долгата и студена зима ја минуваат хибернирајќи. Човекот не функционира на тој начин. Но, што доколку би можеле да го правиме тоа?
Хибернација, или позната како зимски сон, е состојба на успорување на метаболизмот и ниска телесна температура кај одредени животни за време на зимата. Во хибернатори спаѓаат поголем број крзнени животни и мал број цицачи.
Сите ја знаеме мечката како најпознат хибернатор, но на мечките само малку им е снижена телесната температура, се будат лесно и не се сметаат за вистински хибернатори.
Повеќето хибернатори додека се активни складираат храна во засолништата (пр. верверичките) или резервни масти во телото (во масното ткиво). Тие можат да се разбудат повеќепати за време на зимата. Ладнокрвните животни мораат да хибернираат таму каде што надворешната температура се спушта под точка на смрзнување.
Како човекот би фикционирал доколку стане хибернарот? Би заспале некаде во ран декември рипајќи ги сите новогодишни празници и веселби, сето тоа би го преспале, а би се разбудиле некаде пред пролетта.