Што досега знаеме за најизолираното племе на светот?

Сентинелците живеат на својот мал остров, Северен Сентинел, и со векови се спротивставуваат на секој контакт со странци, напаѓајќи го секој што ќе им пријде.

Во ноември 2018 година, Џон Ален Чау, Американец, беше убиен од членовите на племето Сентинел. Двајца индиски рибари, кои го закотвиле својот чамец во близина на Северен Сентинел во 2006 година за да спијат по ловокрадството во водите околу островот, биле убиени кога нивниот брод се откачил и испловил на брегот.

Сентинелците се најизолираното племе во светот. Тие живеат на нивниот мал пошумен остров Северен Сентинел, кој е со големина колку Менхетен. Со векови се спротивставуваат на секој контакт со странци и го напаѓаат секој што ќе им пријде. Иако нивниот остров де јуре е под Индија, Индијците никогаш немале контрола над него.

Племето има јасно ставено до знаење дека не сака контакт. Тоа е мудар избор. Соседните племиња биле збришани откако Британците ги колонизирале нивните острови и им донеле вообичаени болести како грип или сипаници, кои го десеткувале нивното население бидејќи немале имунитет кон нив.

Поголемиот дел од знаењето за Сентинелците е собрано со набљудување од чамци кои биле закотвени на растојание поголемо од тоа колку далеку може да дофрлат стрелата. Исто така, имаше неколку кратки периоди кога Сентинелците им дозволија на властите да се приближат доволно за да предадат кокос. Не се знае како се самите себе се нарекуваат.

Сентинелците ловат, собираат овошје во шумите и рибарат во крајбрежните води. За разлика од соседното племе Јарава, тие прават чамци - многу тесни кануа со основа, кои се опишани како „претесни за да се застане со двете нозе“. Можат да се користат само во плитки води.

Се смета дека Сентинелците живеат во три мали групи. Имаат два различни типа на куќи; големи заеднички колиби со неколку камини за поголем број семејства, и повеќе привремени засолништа, без ѕидови, кои понекогаш се гледаат на плажата, со простор за едно семејство.

Жените носат ленти околу половината, вратот и главата. Мажите носат и ѓердани и ленти за глава и појас, но подебели од тие на жените. Мажите носат и копја, лакови и стрели.

Иако во медиумите обично се опишува дека се од каменото време, тоа очигледно не е точно. Нема причина да се верува дека Сентинелците живееле на ист начин десетици илјади години. Нивниот начин на живот многупати се менувал и се прилагодувал, исто како и другите народи. На пример, тие користат и метал што го нашле по бродолом на гребените на островот. Меѓу другото, железото го острат и го користат за врвови од стрели.

Заклучено врз основа на она што може да се види од далечина, жителите на островот Северен Сентинел се очигледно исклучително здрави и напредни, во целосна спротивност со другите големи андамански племиња на кои Британците се обиделе да им донесат „цивилизација“. Луѓето што се гледаат на брегот на Северен Сентинел изгледаат горди, силни и здрави. Во секое време, набљудувачите можеле да забележат многу деца и бремени жени.

Го привлекоа меѓународното внимание по азиското цунами во 2004 година, кога припадник на племето беше фотографиран на плажата како фрла стрели кон хеликоптер кој сакаше само да провери дали жителите се добро.

Во интерес на науката

Во доцните 1800-ти М.В. Портман, британскиот „офицер задолжен за Андаманите“, допловил на островот Северен Сентинел со голем тим, надевајќи се дека ќе стапи во контакт со Сентинелците. На бродот имало трагачи од андаманските племињата кои веќе имале стапиле во контакт со Британците, како и офицери и осуденици.

Пронашле неодамна напуштени села и патеки, но Сентинелците ги немало никаде. Неколку дена подоцна наишле на постар пар и неколку деца кои „во интерес на науката“ и биле однесени во Порт Блер, главниот град на островите Сентинел. Очекувано, набрзо сите се разболеле, а возрасните починале. Децата биле вратени на нивниот остров со бројни подароци.

Не е познато колку Сентинелци се разболеле од оваа „наука“. Се претпоставува дека децата пренеле нови болести и дека последиците биле поразителни. Иако е само претпоставка, денешните научници го објаснуваат големиот отпор и непријателство на Сентинелците кон странците.

Посети со подароци

Во текот на 1970-тите, индиските власти повремено патувале во Северен Сентинел во обид да се дружат со племето. На едно од овие патувања две свињи и една кукла биле оставени на плажата. Сентинелците ги убиле и ги закопале свињите, заедно со куклата.

Remote video URL

Посетите станале поредовни во 80-тите; тимовите се обидувале да слетаат на место надвор од дометот на стрелиле и оставале подароци како што се кокос, банани и парчиња железо. Понекогаш се чинело дека Сентинелците прават пријателски гестови; на другите во шумата им ги носеле подароците, а потоа фрлале стрели на спротивната страна.

Се чинело дека има пробив во 1991 година. Кога службениците пристигнале во Северен Сентинел, племето им гестикулирало да донесат подароци, а потоа за прв пат се приближиле без оружје. Тие дури влегле во морето кон чамецот за да соберат повеќе кокос. Сепак, овој пријателски контакт не траел долго. Иако подароците продолжиле неколку години, состаноците не секогаш биле пријателски. Сентинелците повремено насочувале стрели кон посетителите, а еднаш нападнале дрвен брод со камена секира. Никој не знае зошто Сентинелците прво го прифатиле пријателството, а потоа продолжиле како порано. Не е познато дали некој починал како последица на заразна болест при овие посети.

Мисиите за давање подароци престанале во 1996 година. Многу официјални лица почнале да се сомневаат во мудроста на обидот да стапат во контакт со луѓе кои се здрави и задоволни и кои самите напредувале - веројатно - 55.000 години. Пријателскиот контакт имал само разочарувачки ефект врз големите андамански племиња. Постојаниот контакт со Сентинелците речиси сигурно би имал трагични последици.

По цунамито во 2004 година, официјални лица двапати го посетија островот за да проверат од далечина дали племето е здраво. Потоа изјавија дека нема да има повеќе обиди да стапат во контакт со Сентинелците.

Нивната екстремна изолација ги прави многу ранливи на болести на кои немаат имунитет, што значи дека контактот речиси сигурно би имал трагични последици за нив.

Периодични инспекции, од чамци закотвени на безбедно растојание од брегот, се вршат за да се провери дали Сентинелците се здрави и не одлучиле да побараат контакт.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе