Што е древниот компјутер - механизмот Антикитера?

Антикитера е веројатно еден од првите аналогни компјутери некогаш направени.

Ако сте гледале барем еден од тие мистериозни и интересни документарци за древните вонземјани, веројатно сте имале можност - меѓу другите претенциозни (и подеднакво неверојатни) откритија - да дознаете за механизмот Антикитера (Μηχανισμός Αντικυθήρων). Овој мистериозен херој од бројни псевдоисториски приказни е реален артефакт, внимателно проучен и опишан во археологијата, но бидејќи е обвиткан во контрасти, погоден е за разни мистификации.

Врз основа на претходните истражувања, се верува дека Антикитера е примитивен, но софистициран аналоген компјутер за одредување на движењето на планетите низ Зодијакот според египетскиот календар. Веројатно бил еден од првите аналогни компјутери некогаш направени. Кога се внесувал датум со помош на рачката, механизмот на бројчаниците ја покажувал позицијата на планетите, Сонцето и Месечината за тој ден.

Механизмот бил откриен во близина на егејскиот остров Антикитера, по што го добил и името. Грчки нуркачи, ловци на сунѓери, предводени од капетанот Димитриос Контос, дошле во близина на островот во 1901 година, откако биле зафатени од ненадејна бура. На длабочина од 42 метра, нуркачите пронашле потоната римска галија, што предизвикало голема возбуда во јавноста во тој момент. Археолозите заклучиле дека галијата потонала околу 80 година п.н.е. и била дел од римски конвој кој превезувал хеленска уметност од островот Родос.

Археологот Спиридон Стаис се вратил на подводното место и на 17 мај 1902 година забележал дека на парче карпа отстрането од галијата има вметнато запчаник во него. Се испоставило дека тоа воопшто не е карпа, туку човечки артефакт - софистициран бронзен механизам долг 33 сантиметри, широк 17 сантиметри и дебел 9 сантиметри. Артефактот првично се состоел од три скршени парчиња и многу помали фрагменти, а до 2005 година биле пронајдени повеќе од 70 делови од механизмот.

На предната страна на механизмот има бројчаник со две врежани скали. Едната е фиксирана и на неа се нацртани знаците на Зодијакот, додека подвижниот прстен ги прикажува месеците од годината. Буквите изгравирани на зодијачната скала одговараат на знаците на календарската плоча. Употребата на за тоа време напредни диференцијални запчаници во механизмот овозможувало да се пресмета позицијата на небесните тела со собирање и одземање на аголните брзини на запчаниците.

Механизмот настанал околу 100 години пред нашата ера, а најмалку што може да се каже за него е дека е многу паметно направен и внимателно дизајниран. Со оглед на тоа дека бил дел од товарот на поморски транспорт, не е неразумно да се претпостави дека не е единствен во однос на неговата конструкција - можно е да има и други слични неоткриени механизми.

Комплексноста на механизмот не се вклопува во идеите за нивото на развој на технологијата во I век п.н.е., што е клучен дел од заплетот на сите мистификации за Антикитера механизмот. Софистицираниот сет на ексцентрично ротирачки запчаници функционира како еден вид епицикличен или диференцијален систем за пренос, за кој се смета дека бил откриен дури во XVI век кога започнал брзиот развој на механичките часовници.

Без вистинско научно објаснување за неговото потекло, артефактот беше мистерија за научниците и извор на секакви дилетантски шпекулации во поголемиот дел од XX век. Првото опсежно истражување беше преземено во 1951 година од научниот историчар Дерек Прајс од Универзитетот Јеил. Во 1974 година го објавил делото Грчки запчаници, во кое, врз основа на постоечкиот врежан текст и реконструкцијата на системот за запченици, ја презентирал теоријата дека механизмот Антикитера е аналоген компјутер за одредување на положбата на планетите.

Во почетокот на XXI век, Мајкл Рајт од Научниот музеј во Лондон фрли сомнеж врз истражувањето на Прајс. Тој ја оспори неговата реконструкција, првенствено функцијата на двата бројчаника на задниот дел од механизмот, но верувањето во погледот на Прајс остана широко распространето. Со цел да се открие целта на механизмот, неколку години подоцна беше лансиран Истражувачки проект за Антикитера механизмот, кој ги собра истражувачите од Универзитетот во Кардиф во Велс, Националниот универзитет во Атина, Универзитетот Аристотел во Солун и Националниот археолошки музеј на Грција.

Со помош на рендгенска томографија, овој тим ги откри најдобрите записи во механизмот - дешифрирањето на записите покажа дека се однесуваат на знаците на Зодијакот и движењето на небесните тела, па може да се каже дека се еден вид антички прирачник за употреба на механизмот.

Очигледно, механизмот се заснова на геоцентрични модели на движење на телата во Сончевиот Систем кои биле широко распространети во тоа време и биле систематизирани од Клавдиј Птоломеј во II век од нашата ера. Според геоцентричните модели, планетите се движеле околу Земјата по кружни патеки, но на тие кругови додале и мали кругови, таканаречени епицикли (нивното движење на небото не можело поинаку да се објасни).

Механизмот како Антикитера може точно да ги репродуцира движењата на Сонцето и Месечината врз основа на епицикличниот модел развиен од Хипарх, додека движењата на Меркур и Венера би можеле да се засноваат на моделот на Аполониј од Пергам.

Станува збор за многу практични знаења за антиката кои, според сите извештаи, биле изгубени во одреден момент од подоцнежната историја, за време на „мрачниот“ среден век. Затоа Антикитера, ако не е „доказ“ за мистичните средби на античките луѓе со напредна цивилизација, е показател за тоа како знаењето за една ера лесно може да исчезне и да потоне толку длабоко што се открива милениуми подоцна.

Remote video URL

Фрагментот А, еден од деловите на механизмот Антикитера, се чува под сериски број 15987 во Националниот арехолошки музеј во Атина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Мистеријата за гробот на Платон е решена откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

Мистеријата за гробот на Платон е решена откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе