Што е шизофренија?
Откријте што знаете за симптомите, причините и третманите за шизофренија во интересното анимирано видео на TED-Ed.
Шизофренијата е идентификувана пред повеќе од еден век, но сè уште не знаеме што ја предизвикува. До денес е една од најмалку сфатените болести. Но, ајде да видиме што знаеме за шизофренијата.
Секоја личност со шизофренија има различни симптоми. Дијагностицирањето е на различна возраст кај мажите и жените. Првите знаци на шизофренија се халуцинации, неповрзано зборување, несекојдневно однесување. Погрешно е мислењето дека луѓето со шизофренија имаат повеќекратни личности. Други симптоми се тешкотии со паметењето, носење одлуки и слично.
Причина нема, освен комбинација од генетски и општествени ризик фактори за ова однесување. Не е познато кои гени се виновни за шизофренијата, но познато е кои фактори влијаат за развивање. Сепак, тие фактори не влијаат исто кај секого, сè зависи од генетиката.