Што е тоа „насмеана депресија“ и како да ја препознаете?

„Насмеана депресија“ е облик на депресија кај луѓе кои и самите не се свесни или не сакаат да признаат дека се депресивни. Овие луѓе обично успеваат да ги извршуваат секојдневните активности, разговараат, се смејат и се преправаат дека се среќни, а длабоко во себе страдаат.

Со оглед на тоа дека луѓето кои имаат „насмеана депресија“ не изгледаат дека страдаат, нивните пријатели и семејството не се сомневаат дека имаат некаков проблем.

Најлошиот дел од овој проблем е што постои поврзаност помеѓу насмеаната депресија и самоубиството.

Луѓето изгледаат енергично и ентузијастично, но зад затворени врати се чувствуваат безвредно и очајно.

Ова беше случај со неколку познати личности кои извршија самоубиство, без никој претходно да забележи дека страдаат и дека имаат некаков проблем. 

Како да ја препознаете „насмеаната депресија“?

Иако луѓето се кријат зад „среќна маска“, постои начин како да препознаете дека имаат ваков проблем. Најчестите знаци се намален интерес за нивното омилено хоби, промена на телесната тежина и апетитот, песимистички поглед на свет и вештачка среќа.

Како да помогнете некому кој страда од „насмеана депресија“?

Најпрвин, мора да им помогнете да сфатат дека имаат проблем. Многумина не сакаат да признаат дека се депресивни, затоа што се плашат дека ќе изгледаат ранливо. Кажете им дека ги сакате и дека сте тука за нив.

Бидете добар слушател. Ова подразбира дека треба активно да ја слушате личноста на која треба да ѝ помогнете, да знае дека ја разбирате. Обидете се да ѝ помогнете на секаков начин.

Посветувајте им внимание на саканите личности. Испратете им порака, излезете на кафе, пијалок, разговарајте.

Осигурајте се дека не ги пропуштате алармантните симптоми кои ги опишавме.

Предложете им да се хранат здраво и да вежбаат. Секако, охрабрете ги да побараат помош од стручно лице. Објаснете им дека нема ништо срамно во тоа да се побара професионална помош.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе