Што ги предизвикува црвените дамки на Плутон?

Кога вселенското летало New Horizons се приближи до Плутон во 2015 година, ни овозможи неверојатна глетка - најдетален поглед на волшебниот пејзаж на далечната џуџеста планета.

Сликите со висока резолуција покажаа интересен замрзнат свет, кој, особено околу екваторот, беше покриен со црвени дамки, или незамрзната област на инаку леденото тело.

Експертите првично сметаа дека овие црвени дамки се предизвикани од молекули на толини, органски соединенија кои се формираат кога ултравиолетовото или космичкото зрачење ќе ги „свари“ соединенијата како метан или јаглерод диоксид, пишува Science Alert.

Толините ги има во изоболство на површините на ледените тела во надворешниот дел на Сончевиот Систем, а во присуство на вода, овие соединенија можат да бидат суровина за пребиотичка хемија или нежива хемија, која ги формира основните хемикалии за развој на животот.

URL

Но, едно ново истражување покажува дека не сме имале увид во целата приказна и дека постои можност сè уште да не знаеме што точно се и од што потекнуваат овие црвени дамки.

Аеронаутичката инженерка Мари Фајоле и нејзините колеги од холандскиот технолошки универзитет Делфт направиле толини во лабораторијата за да утврдат како тие ја рефлектираат светлината. Тие ги споредиле резултатите со податоците од Плутон и откриле дека спектралните потписи не се совпаѓаат целосно.

Зошто толините се најдобриот одговор?

Толините не се единственото објаснување за црвените дамки на Плутон, но засега се најдоброто објаснување. Имено, вселенското летало New Horizons открило маглина во атмосферата на оваа џуџеста планета, која била составена од соединенија како метан, азот и јаглерод диоксид.

Remote video URL

Кога овие соединенија ќе бидат погодени од космичко зрачење, тие треба да добијат црвеникава боја и да паднат на земјата во форма на толини. Со оглед на тоа што толините ги има во изобилство во надворешниот дел на Сончевиот Систем, ова беше најадекватно решение за мистеријата за формирање на овие црвени површини.

Но, Фајола и нејзините колеги откриле дека синтетизираните толини апсорбираат малку повеќе светлина отколку оние на Ктулуху Макула, најголемата ваква површина на Плутон. Ова не значи автоматски дека толините не се причина за црвени површини, но дека тие можеби имале друг процес на формирање.

Други објаснувања

Едно можно објаснување е дека тие се толини, но дека се затемниле поради бомбардирањето на космичките зраци, односно дека зрачењето го сменило начинот на кој тие ја апсорбираат и рефлектираат светлината.

Исто така е можно толините, поради слабата гравитација на Плутон, да се сместиле понежно на површината, создавајќи порозна кора, која различно ја рефлектира светлината.

За точен одговор, сепак, ќе треба да почекаме понатамошно истражување.

Студијата Testing tholins as analogues of the dark reddish material covering Pluto’s Cthulhu region е објавена во списанието Icarus.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Наука

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more
 

Гик

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе