Што ќе прави Доналд Трамп откако нема повеќе да биде претседател на САД?

Доналд Трамп ќе остане на власт до 20 јануари, кога ќе му ја предаде функцијата на неговиот наследник и ќе се приклучи на ексклузивниот клуб на поранешните американски претседатели.

Па, што е следно за овој политички и деловен магнат? Во опциите спаѓаат профитабилни гостински предавања и говори, пишување мемоари, планирање на претседателската библиотека... Џими Картер, на пример, почна да се занимава со хуманитарна работа, а Џорџ Буш почна да слика.

Но, Трамп никогаш не бил традиционален политичар.

„Доналд Трамп прекрши многу норми како претседател“, вели Тим Колкинс, професор по маркетинг на Факултетот за менаџмент Келог на Универзитетот Нортвестерн.

„Нема причина да мислиме дека Доналд Трамп ќе се однесува како секој поранешен претседател што сме го имале досега“.

Може повторно да се кандидира

Ова не мора да биде крај на политичките амбиции на Трамп - тој секогаш може да ги следи стапките на Гровер Кливленд и повторно да се кандидира, за втор мандат. Кливленд е единствениот претседател што ја напуштил Белата куќа за да се врати четири години подоцна, тој беше претседател во 1885 година, а потоа повторно во 1893 година.

Уставот на САД вели дека „никој не може да биде избран за претседател повеќе од двапати“, но никаде не пишува дека тие два мандати мора да бидат едноподруго.

И поранешните советници сугерираат дека Трамп би можел да го стори токму тоа.

„Апсолутно би го ставил во потесниот избор на луѓе кои многу веројатно ќе се кандидираат во 2024 година“, изјави неодамна поранешниот шеф на протоколот Мик Малвејни.

Трамп очигледно обожава митинзи за време на изборната кампања и на овие избори доби 71,5 милиони гласови – рекорден број за поразен кандидат што јасно укажува на значителна база на поддршка во американската јавност.

„Тој ќе ја напушти моќта со бренд кој на некој начин е подеднакво моќен како што беше и кога дојде на власт“, ​​вели професорот Колкинс.

Исто така се шпекулира дека најстариот син на претседателот, Доналд Трамп Џуниор е заинтересиран да се кандидира за шеф на државата, што тој дури и не се обиде да го негира.

Можно е често да оди на судења

Трамп ретко се повлекувал од судските битки - и има неколку на повидок што би можеле да му одземаат време откако ќе ја напушти функцијата.

Некои истраги против Организацијата Трамп веќе започнаа, од кои едната е во сојузната држава Њујорк. Окружниот правобранител на Менхетн, Сајрус Венс, започна истрага против Организацијата Трамп, првично поврзана со обвинувања дека две жени кои тврделе дека имале врска со Трамп биле исплатени во замена за нивното молчење, иако неодамнешните поднесоци од судот сугерираат дека истрагата е проширена. Трамп упорно ја отфрла оваа истрага, нарекувајќи ја „лов на вештерки“ и не е јасно дали Венс има докази за поднесување кривично обвинение.

Претседателот, исто така, се соочува со обвиненија за клевета во врска со два случаи на наводен сексуален напад - и двајцата беа негирани од Трамп - кои беа поднесени од две жени одделно.

Тужба покрена и Мери Трамп, внуката на претседателот, обвинувајќи ги него и двајца членови на семејството за измама и заговор.

Спасување на бизнис империјата

Пред да биде политичар, Трамп беше магнат за недвижнини, ѕвезда на реално шоу  и амбасадор на сопствениот бренд, користејќи го своето име за профитабилни договори за лиценцирање.

Можеби нема да чека да продолжи таму каде што застана пред четири години и да се врати во деловниот свет. The New York Times објави дека Трамп има повеќе од 400 милиони долари во заеми што треба да ги наплати во следните неколку години - иако тој изјави дека ова е само „мал процент“ од неговата нето вредност.

Трамп има бројни хотели и терени за голф. Има недвижнини со името „Трамп“ во Мумбај, Истанбул и на Филипини - и, се разбира, во Вашингтон, како и терените за голф во САД, Велика Британија, Дубаи и Индонезија.

Но, ако тоа е насоката за која ќе одлучи претседателот во јануари, тој ќе има уште многу работа. Многу од неговите деловни потфати се во индустријата за туризам и рекреација, кои беа силно погодени од пандемијата. Forbes објави дека неговото богатство како резултат на COVID-19 претрпело загуба што може да достигне до една милијарда долари.

Врз основа на даночните пријави од изминатите две децении, до кои имаше пристап The New York Times, Трамп „има хронични загуби“ и весникот објави за „долгогодишно затајување данок“, тврдејќи дека тој не платил никакви даноци во 10 од претходните 15 години“, најмногу затоа што објавил дека изгубил многу повеќе пари отколку што заработил“. И Организацијата Трамп и претседателот го критикуваа извештајот како неточен.

Колкинс вели дека претседателот одново и одново докажува дека има неверојатна способност да го задржи својот бренд „во игра“ и дека останува силен - но не и непроменет - со тоа што станува претседател.

„Стана многу пополаризирачки и многу попрепознатлив, што на некој начин го прави помалку привлечен како деловен бренд“, вели тој.

„Сега, ако сакате да организирате свадба во хотел на Трамп, тоа го изразува вашиот политички став, а тоа не беше случај пред тој да стане претседател“.

Истоимениот, сега веќе непостоечки, бренд на ќерка му Иванка Трамп се соочи со бојкоти и некои големи трговски синџири ѝ завртија грб кога таа ја презеде улогата на советник во Белата куќа.

Неговите синови, Ерик и Доналд Џуниор, ја водеа Организацијата Трамп, чадор компанија за стотици инвестиции на Трамп во недвижнини, брендови и други бизниси, за време на неговото претседателствување, но тие исто така беа длабоко вклучени во политичката кариера на нивниот татко.

„Една од работите за која сите ќе размислат е: „Кој начин е најдобар за семејството? “, вели професорот Колкинс.

Медиумски могул

Трамп е добро запознаен со телевизијата како медиум, особено по неговото профитабилно реално шоу „The Apprentice“. Затоа, постојат многу шпекулации дека неговата амбиција е да започне да се занимава со информативни медиуми, или со отворање на свој канал, или со соработка со некоја веќе воспоставена конзервативна мрежа.

„Дефинитивно ќе има потенцијална публика”, вели Хенри Шејфер, извршен директор на Q Scores.

Трамп успеа да изгради свој бренд како „личност што ја обожавате да ја мразите“, како Кардашијан или Хауард Стерн, вели тој.

А, Шејфер очекува од него „да се сврти кон она што му одговара најдобро - и тоа е полемика“.

„Тој напредува со контроверзии, врти контроверзии во негова корист, тоа е неговиот режим на работа.“

Можни соработници се кабелските мрежи One American News Network (OANN) или Newsmax. ОАNN е омилена кај претседателот и обратно, а списанието The Atlantic еднаш го опиша како „делумно лидер, делумно муза“ на каналот ОАNN.

Кристофер Ради, генералниот директор на News Max, конзервативен телевизиски канал, еднаш беше наречен „шептачот на Трамп“ во објава на The Washington Post.

Претседателите често потпишуваат договори за книга - Барак и Мишел Обама, на пример, потпишаа рекорден заеднички договор, наводно, за 65 милиони долари - иако таа сума е ретка. Џорџ В. Буш, наводно, добил 10 милиони долари аванс за неговите мемоари.

Барак и Мишел Обама исто така потпишаа продуцентски договор со Netflix вреден неколку милиони долари, а и Бил и Хилари Клинтон имаат договори за подкасти.

Претседател во пензија

Трамп ќе добие претседателска пензија - и ред други поволности - кога ќе ја напушти функцијата.

Законот за поранешни претседатели, кој стапи на сила во 1958 година за да го „зачува достоинството на функцијата“, обезбедува различни бенефиции, вклучително и годишна пензија што во 2007 година, на пример, од 207.800 американски долари.

Поранешните претседатели исто така имаат право на доживотна заштита на Тајната служба, здравствено осигурување, патни трошоци и личен персонал.

Значи, на 74-годишна возраст, Трамп може да одлучи мирно да се повлече. Тој би можел да ги помине деновите во филантропски проекти, да ја зголеми својата банкарска сметка со предавања на разни семинари и конференции и да ја испланира својата претседателска библиотека - архивите и музејот на претседателот и неговата администрација, обично во неговата матична држава.

А слободното време можеше да го помине релаксирајќи и играјќи голф на Флорида во Мар-а-Лаго, неговото одморалиште на Палм Бич.

Но, професорот Колкинкс не го гледа тивкиот живот како многу веројатно сценарио за човек кој помина толку многу време во центарот на вниманието на јавноста.

„Малку е веројатно дека Доналд Трамп како личност ќе згасне и мислам дека ќе продолжиме да го гледаме брендот на Трамп во светот“, вели тој.

Трамп дури шпекулираше во октомври дека ако изгуби на изборите, ќе се чувствува толку лошо што можеби „ќе мора да ја напушти земјата“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе