Што ќе се случи ако влеземе во смртоносното езеро Натрон?
Ја знаете легендата за Медуза? Грчкото чудовиште со змии во косата кое со поглед ги скаменувала луѓето? Можеби тоа е мит, но на планетава постои езеро коа навистина може да ве претвори во камен.
Тоа е злогласното езеро Натрон кое се наоѓа во северниот дел од Танзанија. Бидејќи е доста солено, животните го избегнуваат, но сепак во него има каков-таков жив свет.
Езерот е долго 57 километри, широко 22 километра, но длабочината е едвај 3 метри на најдлабоките места. Многу е богато со натриум карбонат и трона поради што киселоста достигнува и над 12 pH, а температурата на водата е често пати над 40 степени Целзиусови.