Што ќе се случи со телото ако една недела тренирате како Кристијано Роналдо?

А.С.
/ 16.05.2022 / 20:52

Јутјуберот Брендон Вилијамс се соочи со нов предизвик.

Сакаше да ги подобри своите фудбалски вештини, па цела недела се водеше по неспоредливиот режим на Кристијано Роналдо.

„Отсекогаш сум му се восхитувал на неговата атлетска градба. Издржлив е, силен, брз, има мускули. Иако и јас имам мускули, ми недостигаат многу други карактеристики", прокоментира Вилијам.

Роналдо е познат по својата експлозивна моќ, а постави рекорд кога скокна со одраз од 71 сантиметар во 2019 година и го постигна голот од 256 сантиметри за победа против Сампдорија. Затоа Вилијам реши да го искористи тоа како една од одредниците на неговиот тренинг.

Со помош на пријателите Брендон и Естебан, Вилијам го започнува денот како Роналдо - со гимнастика во 5 часот наутро.

„Моето тело е навикнато да спие од 9 до 10 часа, што прави утринскиот тренинг ужасен“, коментира тој.

Потоа следеше појадок, исто така првиот од шесте оброци дневно, по што следуваше фитнес тренинг, кој вклучува кардио вежби кои помагаат да се изгради мобилност и брзина.

Вилијам вклучи и слободен ден во предизвикот бидејќи закрепнувањето е важен дел од рутината на Роналдо. Покрај тоа, тој пробал и хидротерапија, метод со кој Роналдо го подобрува протокот на крв, како и криотерапија.

Како што одминуваше неделата, Вилијам рече дека тешко му паднала количината на храна што морал да ја зготви за да јаде пет до шест оброци дневно.

На крајот од предизвикот успешно ја заврши секоја цел што си ја постави.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе