Пешачењето е активност која бара малку напор, но придобивките од истата не се само физички, туку и ментални. Ако барате едноставен, а истовремено ефективен начин да ослабете и го подобрите здравјето, пешачењето е идеално за вас.
Секојдневна прошетка од половина час може да ви помогне да избегнете сериозни проблеми, како срцеви заболувања, може да дојде до подобрување на крвната циркулација и намалување на холестеролот.
Со секојдневна прошетка може да постигнете губење на тежината и поцврста мускулатура. Откријте кое темпо најмногу ви одговара и пешачете. Пешачењето придонесува за подобрување на држењето на телото, подобра флексибилност и здрав ‘рбет.
Група истражувачи од Универзитетот во Ајова работеле со стотици студенти и заклучиле дека пешачењето го менува расположението на подобро.
Но, тоа не е сè, во ова видео подетално ќе погледнете интересни причини зошто треба да пешачите секој ден.