Што кралот Чарлс јаде за појадок?

Еден напиток никогаш не го прескокнува, а обожава да јаде домашен леб со ленено семе. Ова е неговиот омилен појадок.

Јаде како крал е популарен израз. Но, што навистина за појадок јаде еден вистински крал, во случајов тој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Без разлика дали припаѓате на кралско семејство или не, за сите нас е важно појадокот да е нутритивно богат и да ни обезбеди енергија за целиот ден.

Кралот Чарлс III, наследник на скоро починатата кралица Елизабета II, ја промени својата исхрана со цел да остане здрав. Ужива во оброци од зеленчук и вели дека е свесен за количините на месо и риба кои ги внесува.

Познато е дека новиот крал подоцна појадува, а појадокот се состои од Дарџилинг чај со млеко и мед, домашен леб и ленено семе - кое тој на шега во нарекува „птичјо семе“. На тоа додава свежо овошје и овошен сок за урамнотежен појадок кој е богат со влакна.

Нутриционистката Сигне Сванфелт вели: „Кралот Чарлс јаде вистинска количина храна на начин кој одговара на неговиот начин на живот. Неговиот избор за појадок е богат со протеини, што може да придонесе во намалувањето на нивото на холестерол како дел од урамнотежената исхрана. Ужива во куп ленено семе и домашен леб за појадок кои имаат многу нутритивни предности. Лененото семе може да помогне при варењето и богато е со протеини“.

Никогаш не е љубител на ручек. Кралот Чарлс повеќе сака да се снајде до вечерата и наводно јаде месо и риба двапати неделно, фокусирајќи се повеќе на вечера на база на растенија.

„Љубовта на кралот Чарлс кон зелената исхрана ги покачува диететските влакна кај него, а ги снижува заситените масти“, објаснува Сванфелт. „Коренестиот зеленчук е богат со витамини, влакна и минерали како што се фолната киселина и калиумот. Гравот и леќата се богати со протеини, влакна и минерали како што се магнезиум и цинк, додека целите зрна содржат многу хранливи материи и влакна - од кои сите имаат влијание на животната средина“.

Начинот на исхрана на Чарлс е сличен на климатскиот начин, кој се фокусира на носење добар избор за животната средина.

„Тоа ги поттикнува луѓето да бираат храна која има помало влијание врз животната средина и вклучува рецепти на база на билки и месо, како што се вкусни и хранливи плескавици од пилешко и грав“, истакнува Сванфелт.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе