Џејмс Хетфилд и тапанарот Ларс Улрих од „Металика“ се потсетија на настапот во живо на доделувањето на Греми наградите во 2017 година заедно со поп-ѕвездата Лејди Гага.
Во емисијата SiriusXM на Хауард Стерн пред два дена, тие зборуваа за планираниот драјв-ин концерт и за соработката со Лејди Гага во 2017 година. Бендот сподели и како членовите се зближиле повеќе за време на пандемијата.
Настапот во живо на Греми наградите во 2017 година беше малку катастрофален, од технички аспект. Тонците од тимот на Греми не го приклучија микрофонот на Хетфилд, па тој и Гага пееја на нејзиниот микрофон за време на изведбата на „Moth Into Flame“.
„Едноставно ја почитувам како артист. Беше дојдена два часа пред да стигнеме ние, работеше на нејзините потези и смислуваше нови работи. Таа е екстремно креативен и бестрашен уметник“, рече Хетфилд.
Ларс Улрих додаде:
„Лејди Гага, конкретно, обожава метал. Ми кажа дека ‘Metal Militia’, песна од нашиот прв албум ‘Kill ‘Em All’, ѝ била омилена песна на времето“.
Погледнете ги нивната генерална проба и настапот на Греми наградите: