Што може израелскиот антиракетен систем „Железна купола“?

МИА/КАЈГАНА
/ 16.05.2021 / 09:29

„Железна купола“ – е името на израелскиот противракетен систем, кој последните денови се користи како никогаш порано. Што може да стори овој одбранбен систем? Како работи и колку чини?

Од почетокот на новата ескалација на насилството меѓу Израелците и Палестинците, постои посебен интерес за видеа споделени на интернет кои ја покажуваат ефикасноста на израелскиот ракетен систем „Железна купола“ (Iron Dome). Овие содржини се прегледани стотици илјади пати на социјалните мрежи. И особено оние од средата навечер, кога Тел Авив се најде под силен оган. Овие видеа покажуваат како десетици светла го осветлуваат ноќното небо над градот, придружено со заглушувачки експлозии.

Како функционира „Iron Dome“?

Животно осигурување за Израелците – вака се нарекува противвоздушниот систем Железна купола на социјалните мрежи. Овој одбранбен систем се состои од радарска станица и контролен центар што открива опасност што се приближува, како што е истрелана ракета, веднаш по лансирањето и ја пресметува нејзината траекторија. Сето ова се случува за неколку секунди. Но, и нема повеќе време, бидејќи во зависност од локацијата во Појасот Газа, каде што е истрелана ракетата, Израелците имаат време од 15 до 90 секунди да најдат безбедно засолниште.

Третиот елемент на системот се ракетни фрлачи. Една одбранбена единица има три до четири такви инсталации, секоја со простор за 20 ракети пресретнувачи. Сепак, одбранбена ракета се испукува само ако постои опасност ракета да се приближи да погоди станбена област. Во воздухот, ракетите пресретнувачи можат да се контролираат и можат да се промени нивната траекторија. Тие не ја погодуваат целта директно, туку експлодираат во непосредна близина на неа и со тоа ја елиминираат. Сепак, ова значи дека паѓањето на остатоците може да предизвика штети на тлото.

Remote video URL

Одделни единици за одбрана се мобилни и можат да се преместат од едно на друго место. Во Израел во моментов има десет такви одбранбени системи. Според производителот – израелската државна компанија за вооружување „Рафаел Дефенс Системс“, таквата батерија може да обезбеди заштита за град од средна големина. Системот може да пресретнува ракети на растојание до 70 километри. Експертите проценуваат дека се потребни 13 противракетни системи за покривање на целата територија на Израел.

Израел користи и други системи за одбрани – Железната купола е дизајнирана да пресретнува и елиминира ракети со краток дострел.

Колку е ефикасен системот?

Производителот на системот му дава стапка на успех од 90 проценти. Шефот на противракетната одбрана, Моше Пател, за агенцијата Франс Прес изјави дека во последните десет години откако системот бил во функција, повеќе од 2.400 ракети биле пресретнати со негова помош. „Секоја пресретната ракета можеше да погоди станбена област и да предизвика сериозни материјални и човечки штета“, се наведува на сајтот на израелските вооружени сили.

Според израелската армија, повеќе од 1.000 ракети биле испукани на израелска територија од почетокот на сегашната нова ескалација на насилството, од кои околу 200 се паднати во Појасот Газа (во моментот на објавување на текстот на Дојче веле н.з.) Радикалната организација Хамас се чини дека се потпира на следнава стратегија: да лансира повеќе ракети една по друга за да ја тестира Железната купола, па дури и да ја доведе до нејзините граници.

Remote video URL
Колку чини одбраната?

Според израелските медиуми, секоја од ракетите пресретнувачи чини околу 66.000 евра. Ова е причината зошто ракетите се истрелуваат само кога постои опасност од удар на станбени области.

Системот е развиен со финансиска помош од САД. Во меѓувреме, Американците купија два одбранбени системи „Железна купола“ од Израел.

реклама

Предупредување до над 48 милиони луѓе: Следува пекол на Земјата

Read more

Што ќе се случи ако правите 300 „чучњеви“ секој ден, цел месец?

Read more

Актерката Силвија Стојановска доби затворска казна за транспорт на кокаин

Read more

Што ќе случи во вашето тело кога ќе се откажете од пивото?

Read more

Свет

AstraZeneca: Терапијата со антитела не успеа да спречи развој на коронавирус

Read more

Унгарија со закон го забрани промовирањето на хомосекусалноста

Read more

Речиси една петтина од Бугарите плаќале поткуп за здравствена услуга

Read more

Предупредување до над 48 милиони луѓе: Следува пекол на Земјата

Read more
 

Вести

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан

Читај повеќе

Од утре се укинува полицискиот час, одлучи Владата

Читај повеќе

Шекеринска: Овој НАТО Самит беше историски за земјава

Читај повеќе

Словенија прогласи крај на епидемијата, но не и на мерките

Читај повеќе

Кривична за скопјанец за криумчарење мигранти

Читај повеќе

Неколку скопски улици утре без вода

Читај повеќе

AstraZeneca: Терапијата со антитела не успеа да спречи развој на коронавирус

Читај повеќе

Унгарија со закон го забрани промовирањето на хомосекусалноста

Читај повеќе

Нови 29 случаи на COVID-19 од 2.887 тестирања

Читај повеќе