Што не треба да јадете за појадок и кога е вистинското време за првиот оброк?

Експертите се согласуваат дека првиот оброк треба да се јаде околу 9 или 10 часот наутро. Ако се разбудите во 7, појадувате во 10, ручате во 14 и вечерате околу 17 или 18 часот - тоа е во ред.

Некои луѓе не излегуваат од дома без да го изедат најважниот оброк во денот. За други пак, појадокот, поради околностите, станува ручек, бидејќи првиот оброк го јадат дури напладне.

Значи, што е најдоброто и каде лежи вистината? Експертите се согласуваат дека појадокот е исклучително важен оброк. Ви ја дава потребната енергија за денот, а некои истражувања покажуваат дека може да го намали чувството на глад и ризикот од развој на дебелина и други метаболички нарушувања.

Сето ова не значи дека треба да јадете веднаш штом ќе ги отворите очите. Ако сте гладни баш наутро, тогаш задолжително јадете, а ако не, треба да почекате.

Многу е важно да го слушате вашето тело, изјави за Health диететичарот Бет Блустоунс од институтот Cleveland Clinic Wellness и предупреди дека вистинско време за оброк е кога ќе почнете да чувствувате глад. Никогаш не го одложувајте оброкот, бидејќи тоа може да ве натера да земете нездрав оброк како крофна или некое друго печиво,

Кога е крајно време да јадете?

Експертите се согласуваат дека првиот оброк треба да се јаде околу 9 или 10 часот наутро. Ако се разбудите во 7, појадувате во 10, ручате во 14 и вечерате околу 17 или 18 часот - тоа е во ред. Но, ако појадувате напладне и во текот на денот имате време за само уште еден оброк тогаш тоа значи прескокнување на оброците. Треба да јадете најмалку на секои четири часа, објасни диететичарот Сандра Аревало од Американското здружение за дијабетес.

Да јадете пред утринскиот тренинг или не?

Постојат исклучоци од правилото „слушај го своето тело“. Добро е да се јаде пред тренинг доколку вежбате наутро бидејќи тоа може да ви помогне да избегнете хипогликемија. Некои истражувања покажуваат дека вежбањето на празен стомак ќе го подобри согорувањето на мастите, но тоа не значи дека сè заедно води до побрзо и подобро слабеење.

Како да се балансира оброкот?

Препорачливо е да јадете околу 10 грама протеини (грчки јогурт или две јајца) за да се чувствувате сити. Мастите се исто така важни, но важно е да се внимава од каде доаѓаат (јаткасти плодови, екстра девствено маслиново масло). Избегнувајте сланина и друга преработена храна. А на почетокот на денот задолжително внимавајте на внесот на влакна за чувство на ситост и здраво варење (овошје, зеленчук, цели зрна...).

Предлози за здрави оброци и што да не се јаде

За да го направите првиот оброк здрав, добро е да ги јадете следните комбинации: грчки јогурт со јаткасти плодови или овошје, изматени јајца со малку зеленчук или зелено смути со, да речеме, путер од јаткасти плодови. Но, уште поважно е што да не појадувате – десерт, односно слатко. Или кафе со слатки печива бидејќи ќе ви ја подигне енергијата и нагло ќе ја намали.

Дали брзиот живот го создава проблемот?

Утринскиот хаос е вистински проблем и за многумина најголем виновник што јадат нездрава и брза храна или од друга страна – воопшто не појадуваат. Со малку добра волја и минимално време, можете да подготвите појадок претходната вечер...

  • Јајцата можете да ги изматите со сол и бибер и да ги ставите во фрижидер.
  • Исечете го овошјето или подгответе јаткасти плодови за утрински јогурт или овесна каша.
  • Замрзнете ги состојките за вашето омилено смути и само изблендирајте наутро.

А што е со кафето?

Не мора да се откажете од кафето. Во умерени дози, тоа е здрав стимуланс. За повеќето тоа значи три шолји дневно. Експертите предупредуваат дека сè повеќе од тоа може да биде нездраво, лошо да влијае на сонот, да го зголеми крвниот притисок... Важно е да внимавате и колку шеќер ставате во кафето.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе