Што нуди новата GoPro камера Hero 10 Black?

GoPro претстави нов модел на својата акциона камера, Hero 10 Black.

Hero 10 Black доаѓа со нов процесор кој овозможува оваа камера да снима видео со повеќе фрејмови, да има подобра стабилизација и автоматски да прикачува слики на Облак додека се полни. Новиот процесор, исто така, осигурува дека камерата GoPro Hero 10 Black нуди „подобро искуство и побрза реакција“.

Во многу случаи, Hero 10 може да снима со двојно повеќе од кадри од Hero 9 или 5,4K видео со 60 fps. Камерата може да снима 4К видео со 120 fps, како и 2.7K видео со 240 fps. GoPro Hero 9 беше ограничен на видео со 1080p со 240 fps.

Подобрените перформанси се овозможени со новиот GP2 процесор, кој е наследник на GP1 процесорот што се користи за GoPro камерите уште од Hero 6 Black. Новиот процесор овозможува Hero 10 да биде сличен на смартфон на неколку начини, има многу брз екран на допир, одлични способности за обработка на видео и значително е намалена и бучавата. Една од најдобрите карактеристики е секако можноста за прикачување видеа на Облак додека камерата се полни, но за тоа е потребна претплата на GoPro која изнесува 5 долари месечно или 50 долари годишно. Претплатата ја намалува цената на камерата за 100 долари, така што клиентите ќе платат 399 долари наместо 499 долари.

Оние кои нема да се одлучат за претплата, може да се потпрат на сега за 30 проценти побрз пренос на фајлови од камерата до паметниот телефон, предност што ја носи и новиот процесор.

Hero 10 Black има функција за „израмнување на хоризонтот“ која се обидува да го задржи хоризонтот во права линија. Функцијата овозможува камерата да се навалува до 45 степени пред „небото да почне да се движи“, додека моделот Hero 9 беше ограничен на 27 степени. За жал, израмнувањето на хоризонтот не е достапно при снимање со највисока резолуција, ограничено е на 4K со 60 fps и 2.7K или 1080 при 120 fps.

Фотографиите направени од камерата се исто така со поголема резолуција која е зголемена од 20 на 23 MP, а фотографиите снимени од видеото достигнуваат 19,6 MP кога видеото се снима во режим 5K 4: 3, и 15,8 MP кога се снима во режим 5, 3K60.

Новата генерација на стабилизација на HyperSmooth може да се користи и за време на пренос во живо, но највисок квалитет на стриминг бара претплата.

Повеќето постоечки додатоци на GoPro Mod се компатибилни со новиот модел на камера.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе