Што пишува во декодираната тајна порака на роверот што слета на Марс?

Американската вселенска агенција (НАСА) објави видео од слетувањето на нејзиниот ровер Perseverance на Марс, а луѓето веднаш забележаа интересна шара на падобранот што помогна во забавување на спуштањето на Црвената планета.

„Можеби тука ќе го забележите дезенот на падобранот“, рече Ален Чен, водач на тимот за слетување на роверот, по објавувањето на снимката.

„Овие шари ни се корисни при одредување на ориентацијата на падобранот. Исто така, контрастните делови можат да бидат корисни за следење на различни делови од падобранот како што се надувува. Но, се надеваме дека ќе ги инспирираме другите со нашите напори и инженеринг. Затоа, понекогаш оставаме пораки во нашите дела, за да ги најде некој друг. Па, ве покануваме сите да се обидете да ја најдете“, додаде тој, а интернет екипата се фрли на работата и успеа да го прочита тајниот код на падобранот за само неколку часа.

Remote video URL

Тие ги заменија црвено-белите шари со нули и единици (речник на бинарниот код) и сфатија дека секој од концентричните кругови на падобранот претставува еден од трите зборови. Нулите и единиците треба да се одделат во низи од 10 знаци, а потоа со додавање на бројот 64 се дава компјутерски ASCII код што претставува одредена буква.

Dare mighty things или „Осмелете се да правите моќни нешта“, е пораката што НАСА ја сокри на падобранот. Оваа реченица прв во говор ја има употребено поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт.

„Многу е подобро да се осмелите да правите моќни нешта, да извојувате славни триумфи, иако неуспехот демне, отколку да застанете покрај оние сиромашни души кои ниту уживаат, ниту многу страдаат, бидејќи живеат во сив самрак кој не знае ниту победа, ниту за пораз“, рече Рузвелт во говорот од 1899 година.

НАСА и претходно го користела ова мото во мисиите поврзани со Марс.

„Изгледа дека интернетот го дешифрира нашиот код за шест часа. Ох, интернету, има ли нешто што не можеш да направиш?“, ја потврди точноста инженерот Адам Стелцнер, обраќајќи им се на корисниците на интернет.

URL
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Read more
 

Гик

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе