Што после средно?

Се чувствуваш изгубено по средно училиште? Не грижи се, не си сам/а!

„Што после средно“ е настан за групно менторство чија цел е да ги зајакне средношколци/ките со знаење, споделување на искуство и инспирација кои ќе им помогнат и потиткнат во се сопствениот процес на донесување одлуки во врска со нивната иднина после задолжителното образование.

Настанот во организација на Стела Мрежа ќе се одржи на 22 мај во 12 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

„Овој настан е за оние кои се чувствуваат заглавени во онаа непријатна фаза ‘помеѓу’, каде што сите околу очекуваат да знаеш што сакаш, но ти сè уште се обидуваш да одлучиш и да ти текне што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш (кога и да се случи тоа). Дојди придружете ни се за реален разговор, насоки и многу разбирање кои ќе ти бидат мала поддршка во ова збунувачко време!“, велат од Стела Мрежа.

Препознавајќи ја разновидна низа на достапни патишта, овој настан има за цел да осветли трите клучни можни патишта: високото образование, ангажман во заедницата и претприемништвото. Преку дискусија и излагање на искусни говорнички, учесниците ќе добијат нови перспективи, насоки и мотивација да тргнат по нивните избрани патишта со самодоверба.

Заинтересираните може да го пријават своето учество на следниот ЛИНК.

Менторската работилница е спроведена во рамки на проектот „Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој се фокусира на родовиот јаз. Проектот го спроведуваат Мрежата Стела и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

реклама

Живот

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Read more

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Read more

Како Нордијците наоѓаат светлина во најтемните месеци и ја победуваат зимската меланхолија?

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја завршат 2025 година со голем успех?

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе