ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Што правеше Том Брејди на гости кај Манчестер Јунајтед?

Американската НФЛ ѕвезда беше ВИП гостин на натпреварот со Тотенхем, само неколку часа пред да објави дека се враќа од пензија.

Прилично размрдано беше во ВИП ложата на „Олд Трафорд“ уште пред Кристијано Роналдо да постигне хет-трик во 3:2 победата над Тотенехм во саботата.

„Том Брејди е тука“, се слушаа шепотења околу стадионот уште часови пред почетокот на натпреварот. Очигледно за англиските фудбалски фанатици најголемата НФЛ ѕвезда не е непозната, иако тоа е спорт кој во Англија не е популарен.

Седумкратниот освојувач на Супербоулот беше гостин на газдите на Јунајтед, семејството Глејзер, кои се сопственици и на Тампа Беј Буканирс, клубот од Флорида за кој Брејди настапуваше минатите две сезони.

Квотербекот на „Олд Трафорд“ беше во друшство на двата сина, Џон и Бенџамин, а веројатно сите си заминаа задоволни од претставата „сокер“ која ја видоа. Немаше трага од сопругата Жизел, која е супермодел, ниту пак од нивната ќерка.

Пред натпреварот Брејди имал разговор со сер Алекс Фергусон. Не е познато за што разговарале.

Брејди барал да не му организираат средба со навивачите, но оние кои успеале да дојдат до него не ги одбил за спомен фотографија.

Иако беше гостин на Манчестер Јунајтед, на социјалните мрежи објави дека не може да одлучи за кого ќе навива, но и дека ги поддржува двајцата Кристијано Роналдо и Хари Кејн.

Кејн е голем фан на Њу Инглад Петриотс и по натпреварот оствари средба со Брејди во тунелот, пред да се качи во клупскиот автобус и да се упати кон Лондон.

На задоволство на Брејди дури 4 од петте гола на натпреварот беа дело на неговите омилени играчи: Роналдо даде 3, додека Кејн 1. Кога Роналдо беше заменет, Брејди стана и се приклучи кон громогласниот аплаус од публиката.

По натпреварот необична глетка: десетмина играчи на Манчестер се наредија во ред чекајќи да разменат по некој збор со Брејди. Сведоците на оваа несекојдневна сцена велат дека повеќето од нив изгледале како возбудени навивачи восхитени од неговото присуство како чекаат да се фотографираат.

Брејди и неговите два сина направија и групна фотка со Давид де Хеа, Виктор Линделеф, Фред, Скот МекТоминеј, Фил Џонс, Алекс Телес, Хари Мегваер, Џејдон Санчо и Том Хитон.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tom Heaton (@tomheatongk)

Потоа на теренот се појави и Роналдо со кој Брејди влезе во разговор. Квотербекот му чеситаше за одличната претстава пред Португалецот да му подари дрес на синот Бенџамин.

Роналдо го прашал Брејди дали навистина завршил со играњето, на што Американецот одговорил само со насмевка. Само 24 часа подоцна Брејди јавно го потврди враќањето од пензија и повторното облекување на дресот на Буканирс.

Иако многумина коментираат дека на одлуката на Брејди влијаела посетата на Манчестер, сепак Брејди веќе од претходно имал донесено одлука да се врати на зелениот терен.

Роналдо на Instagram се пофали со фотка од оваа легендарна средна пишувајќи: „Секогаш е чест и привилегија да се разменат мислења и идеи со друг GOAT...“, а Брејди врати со коментар: „Задоволството беше наше, 3 гола, победа и тоа што беше толку добар со моите два сина! Многу ти благодарам пријателе“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе