Што прави Мет Лебланк по Friends? Го живее сонот на секој маж

Што би направиле ако имате проценета нето вредност од 80 милиони долари и би можеле да заработувате 20 милиони долари секоја година без да правите апсолутно ништо? Луѓето на интернет веруваат дека Мет Лебланк го нашол единствениот точен одговор на тоа прашање, откако вирално видео на TikTok го прикажа неговиот живот и размислувањата по серијата „Friends“.

Неодамна некој состави компилација од неговите ТВ интервјуа од кои јасно се гледа дека по „Friends“ единствен приоритет му било да не прави ишто.

Мет Лебланк (57) доби животна шанса во 1994 година кога ја доби улогата на Џои Трибиани во легендарната серија која траеше 10 сезони, до 2004 година.

Првично, актерите заработуваа 22.500 долари по епизода, но до третата сезона нивната плата скокна на 100.000 долари. До деветтата сезона, сите шест главни актери преговараа за рекордни 1 милион долари по епизода, тогаш најголемиот договор за ситком во историјата.

Имајќи предвид дека некои сезони имаа и до 25 епизоди, јасно е зошто станува збор за работа од соништата.

Сепак, профитот не застана тука. Во 2018 година беше откриено дека главната актерска екипа сè уште заработувала околу 20 милиони долари годишно од репризите.

Кога повторно се собраа во 2021 година за специјална средба, секој од актерите доби 2,5 милиони долари само за 104-минутниот документарен филм.

Додека другите ја продолжија својата кариера, Мет реши да забави.

Remote video URL

По завршувањето на „Friends“, повеќето од актерите останаа во центарот на вниманието. Џенифер Анистон ја продолжи својата филмска кариера и стана една од главните ѕвезди на хит серијата „The Morning Show “ на Apple TV+. Дејвид Швимер, Кортни Кокс и Лиза Кудроу продолжија да работат на телевизија и филм, додека Метју Пери за жал почина во 2023 година.

И Мет првично се обиде да остане во актерскиот свет. Од 2004 до 2006 година ја сними спин-оф серијата „Joey“, а потоа се повлече од екранот пет години. Се врати дури во 2011 година со улога во серијата „Episodes“, додека неговото последно појавување на ТВ беше во јуни 2020 година, кога беше откажан неговиот ситком „Man with a Plan“.

Ако се прашувате зошто Мет не работеше многу во последните години – тоа беше неговата намера од самиот почеток.

Неодамна, некој на TikTok состави компилација од неговите ТВ-интервјуа, во кои е јасно дека неговиот единствен приоритет по „Friends“ бил да не прави ништо.

Во гостувањето на Конан О’Брајан во 2017 година, Мет отворено рече: „Мислам дека повеќе би сакал да не правам апсолутно ништо. Апсолутно ништо, нула“.

Тој објасни како за него изгледа идеален ден.

„Спиете колку сакате или станувате рано – ако сакате. Никој не ви кажува што да правите. Можеби одите во теретана, можеби не. Можеби пиете девет кафиња, можеби ниту едно“, се пошегува тој тогаш.

Слична изјава даде и во 2018 година во скандинавското ток-шоу „Skavlan“, каде рече дека од самиот почеток планирал да направи пауза од кариерата по „Friends“.

„Работев 10 години на 'Friends', а потоа две години на 'Joey', а потоа реков: 'Ќе земам една година одмор'“.

Таа една година се покажа како долг одмор, а Мет целосно уживаше во својата финансиска слобода.

Компилација од интервјуата на Мет стана вирална на TikTok, каде што е прегледана повеќе од 1,2 милиони пати, со илјадници лајкови и коментари. Многумина изразија восхит за неговиот „освежувачки“ поглед на богатството и неговата одлука да не ја брка славата.

„Ова е вистинскиот начин да уживате во богатството“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Мет Лебланк го живее сонот на секој маж“.

@outstandingscreenplays #MattLeBlanc loves to do Nothing 😅 #Joey #friends #screenwriting #screenwriter #screenplay #fyp #shorts #filmtok #author #writer #movies #films ♬ original sound - Outstanding Screenplays
реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Филм & ТВ

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Read more

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Read more

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Read more

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Read more

Сцена

  • play_arrow

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Читај повеќе
  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе