Што се ботови и зошто Маск поради нив се откажа од купувањето на Twitter?

Twitter тврди дека околу 5 проценти од профилите на таа социјална мрежа се под контрола на ботови, додека Илон Маск тврди дека бројот е значително поголем и веќе дека се движи околу 20 проценти. Изгледа дека токму таа разлика во бројките пресуди и го натера Маск да се откаже (барем привемено) од купувањето на Twitter.

Но, што всушност се „ботови“ и за што станува збор?

Едноставно кажано, „бот“ е автоматизиран софтвер кој одработува специфични задачи или активности во име на корисник. Тој корисник може да биде личност или компанија или организација. Ботови најчесто се користат за испраќање промотивни пораки, а на социјалните мрежи сè почесто ги користат за провокации, поттикнување караници или промовирање некои идеи, производи или луѓе.

Во зависност од тоа како се програмирани, ботовите можат автоматски да следат различни профили на социјалните мрежи, да споделуваат твитови или содржини, па дури и да испраќаат директни пораки. Можат да создадат лажни лајкови и следбеници, а со својата активност можат да покренат лажни трендови, дискусии па дури и караници.

Но, сите ботови не мора да бидат лоши, некои можат да се искористат за да ви го оттргнат вниманието на нешто, да ве потсетат на важен датум или да ви прикажат вести кои ќе ве интересираат.

Проблем е што повеќето ботови на Twitter, оние лошите, наместо да ве запознаат со интересни профили всушност ви го затрупуваат ѕидот со реклами, лажни информации или сомнителни линкови кои можат да му наштетат на вашиот уред.

Како да ги препознаете ботовите?

Постојат неколку начини, прво обрнете внимание на профилот од кој доаѓаат сомнителните објави. Со оглед на тоа што ботовите се создаваат во големи количини, луѓето кои ги програмираат најчесто немаат време да ги пополнат податоците за „корисникот“ на профилот па така најчесто профилите со кои управува бот имаат генеричка фотографија, немаат никакви податоци за корисникот, објавуваат многу слични објави.

Истражување на Универзитетот Индијана откри дека активноста на ботовите се засилува кога станува збор за одредена тема. Најпрвин се работи за теми кои предизвикуваат контроверзи и во кои има пласирање лажни информации што може целосно да го промени ставот на јавноста, како што се криптовалути, политички прашања или здравствени теми (пандемија, вакцинација и слично).

Ако вашиот профил на Twitter одеднаш привлекол голем број следбеници може да направите ревизија со помош на FollowerAudit и да проверите дали навистина сте станале популарни или ве „открил“ некој бот.

Научниците од Индијана истакнуваат дека е скоро невозможно точно да се одреди колку ботови има на Twitter, но и на другите социјални мрежи. Колку и да сте внимателни, нема да може да избегнете средба со бот. Важно е да ги препознаете на време и да реагирате со пријава или блокада (во зависност од социјалната мрежа) за да се намали нивното влијание на другите корисници. И секако, никако немојте слепо да верувате во сè што ќе прочитате на интернет.

Никогаш не знаете дали зад таа објава стои човек или бот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе