Ви се случило ли некој маж да ви се допадне, но да ви возврати со фразата дека не е подготвен за врска?
Што всушност значи тоа дека не е подготвен за врска?
1. Не сака да остане верен
Една од првите причини поради која повеќето мажи велат дека не сакаат да ја официјализираат врската е прилично едноставна и се огледува во неговата желба да се впушта во сексуални односи со повеќе девојки.
Тој сака да продолжи со ергенскиот живот, а вие сте добредојдени да ја разбиете монотонијата.
2. Чека некоја којашто повеќе ќе му одговара
Уште едно значење на фразата не сум спремен за врска всушност значи дека тој чека некоја која повеќе ќе му одговара од вас. Колку и да звучи тоа навредливо вие сте му нешто како резервен план, додека не се појави девојка за која тој мисли дека е подобра од вас.
Тоа всушност значи дека проблемот не е што тој не е спремен за врска, туку не сака врска со вас.
3. Неспособен е да сака некого
Факт е дека постојат луѓе кои не се способни да сакаат други луѓе. Кога ќе му се отворите на мажот којшто ви се доаѓа, а тој одбива да ви возврати, би можело да значи дека е неспособен да ве сака онака како што заслужувате.
Тоа нема никаква врска со вас и важно е да знаете дека не треба да рушите невидливи ѕидови за да стигнете до неговото срце бидејќи едноставно кај него нема чувства.