Што се случи со Макфест?

Според новиот концепт, Макфест годинава нема натпреварувачки карактер, туку според организаторите целта е на сцената да се испеат рефрени што ќе се паметат. Но, како да ги запамтиме ако воопшто нема да ги слушнеме?

Со кревање на макфестовското знаме, вчера и официјално почна 37. издание на Фестивалот на забавни мелодии  Макфест. Организаторите и покровителите најавија дека очекуваат многу нови хитови - новиот концепт не ги вклучува стандардните награди, фестивалот нема да биде од натпреварувачки карактер, „туку ќе има за цел да произведе квалитетни мелодии кои ќе останат запаметени и слушани“.

Уметничкиот директор Роберт Саздов, најави дека немало да го враќаат стариот сјај, туку гледале напред и го носеле новиот сјај, а градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, рече дека Штип два дена ќе биде „епицентарот на македонската забавна музика“.

Сепак, првата фестивалска вечер, на која главно се претставија нови и млади музичари, не направи земјотрес каков што се очекуваше – на публиката носталгично ѝ недостига Макфест кој се чекаше со нетрпение, се гледаше масовно, не само во Штип, туку низ целата земја, со целото семејство или група пријатели седнати пред телевизор, со бодување и типување кој ќе победи, со одушевувања за дебитантите и странските гости.

Remote video URL

Првото издание на Макфест се одржа на 18 октомври 1986 година, како изведувачка музичка манифестација. Целта на Макфест беше стимулирање на домашното творештво, што резултираше со редица на македонски талентирани музички дејци, од кои израснале пејачи, автори на музика, текст, аранжман, кои многу ја збогатиле македонската музичко-естрадна култура. Членувањето на Макфест во ФИДОФ (Светска федерација на фестивалски организации), му овозможи да се афирмира и пошироко од својата земја. Бројни беа настапите на македонските автори на големите сцени во Белорусија, Русија, Египет, Турција, Ирска, Романија, Франција и други земји, претставувајќи дел од естрадната култура на Македонија пред европските слушатели.

Remote video URL

Голем дел од најпознатите и најслушаните песни од македонската поп музика биле испеани токму на сцената на Макфест – „Кога те нема“ на Хелена Благне (1986), „Осамен“ на Трајче Манев (1987), „Признавам“ на Маријана и Росана (1988), „Ѕвона ѕвонат“ на Љупка Димитровска  (1990), „Опасно сум вљубен во тебе“ на Драган Каранфиловски Бојс (1990), „Време за плачење“ на Игор Џамбазов (1992), „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска (1992), „Моја гитара“ на Банкрот Блуз Бенд (1992)... Таму кариерите ги почнаа гласови како Маргарита Христова, која на само 15 години се појави на Макфест со „Долга ноќ“ и ја освои наградата за најуспешен дебитант, застанувајќи рамо до рамо, на иста сцена со еден Кемал Монтено, Хелена Благне, Кичо Слабинац, Зорица Конџа…

Remote video URL

Во 1997 година, фестивалско деби имаше и Тоше Проески со песната „Пушти ме“, со што почна неговата вртоглава и импресивна кариера.

Remote video URL

Низ годините, сè повеќе недостасуваат неколку познати авторско-интерпретаторски имиња, кои оставија белег на некогашните макфестовски изданија. Првата вечер, на која на разочарување на многу гледачи, се пееше на плејбек, беше можност за да се докажат нови имиња, а вечерва ќе слушнеме и некои познати гласови, како Тамара Тодевска, Викторија Лоба и Ламбе Алабаковски. Но, колку годинашниот Макфест е далеку од високиот рејтинг и реноме на некогашните изданија, кажуваат и реакциите на гледачите.

URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Теми и коментари

Зошто феминизам, а не „еднаквизам“?

Read more

Работи кои би било фино да се променат во Аеродром

Read more

8 Март и стравот од непознатото: Феминизмот е за сите

Read more

Туркије - кој го силува македонскиот јазик?

Read more
 

Ново

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Читај повеќе

Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Читај повеќе
  • filter

2 јуни 1953, крунисана била кралицата Елизабета II

Читај повеќе

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Читај повеќе

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Читај повеќе