Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

И понатаму има многу непознати работи за имунитетот кој се создава по прележување на COVID-19, но еден доктор од Вашингтон сведочи дека негови пациенти по втор пат се разболувале од коронавирусот.

Според сведочењето на д-р Клеј Акерли за Vox.com, одговорот на прашањето дали може двапати да се заразите со SARS-CoV-2, одговорот е потврден.

Ова е неговото искуство со пациент кој три месеци по заразувањето со вирусот, повторно се заразил.

„COVID-19 може да го прележете многу полошо кога ќе се заразите по втор пат. Во текот на првата инфекција мојот пациент од симптомите имаше само блага кашлица и болки во грлото. Втората инфекција беше многу полоша и вклучуваше висока температура, губење на воздух и хипоксија, поради што мораше да биде хоспитализиран. Неодамнешните студии, но и размените со моите колеги покажуваат дека случајот на мојот пациент не е осамен. Има примери на двајца пациенти од Њу Џерзи кои се заразиле по втор пат, два месеци откако закрепнале од првичната инфекција. Можно е, но малку е веројатно, мојот пациент да имал инфекција која траела три месеци. Сè повеќе има случаи на пациенти кои со месеци се мачат со симптомите од инфекцијата. Но, не би рекол дека е тоа случај со мојот пациент бидејќи по првата инфекција имаше два негативни ПЦР теста и шест недели беше целосно закрепнат. Верувам дека закрепнал од првата инфекција, а потоа повторно се заразил. Не знаеме дали неговиот имун систем имал подготвена одбрана бидејќи немаше направено тест на антитела“, објаснува докторот.

URL

Според него, некои пациенти, особено оние кои биле асимптоматски случаи, ги губат антителата штом закрепнат. Повторна инфекција не е редок случај меѓу вирусите, особено меѓу коронавирусите.

Моментално не знаеме каков имунитет се создава по прележување на COVID-19, ниту колку трае. Има охрабрувачки вести поврзани со Т-клетките, но моментално малку е познато за тоа.

Доктор Акерли вели дека многу луѓе се опуштиле по прележувањето на коронавирусот бидејќи веруваат дека имаат имунитет. Но, случајот на неговиот пациент покажува дека не смееме да ги олабавиме мерките за заштита.

„Првин имал блага инфекција, а потоа повторно се заразил и почувствувал многу потешки симптоми, што личи на случаи кај вирусот кој предизвикува денга грозница, симптомите се многу полоши во текот на второто заразување. Второ, мојот пациент покажува дека не може да сметаме на имуниот одговор во текот на второто заразување“, вели Акерли.

Освен личниот, проблем е и колективниот имунитет, на кој изгледа тешко ќе сметаме.

„Тешко дека ќе сметаме на групниот имунитет. Тоа е лоша вест бидејќи се надевавме на групниот имунитет и на вакцинацијата. Ако нема групен имунитет, а случаите како мојот пациент и моделот на Шведска покажуваат дека нема, ќе мора да најдеме друг излез“, смета докторот.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе