Чек дис аут

Што се случува со сапунот што го оставате неискористен во хотелски соби?

16. јануари 2020 - 15:36 | А.С.

Дали некогаш сте помислиле каде завршува сапунот што сте го употребиле неколку пати додека сте престојувале во хотелска соба?

Целиот свет сега е фокусиран на одржливост, обновливост и напори за заштеда на ресурсите и заштита на Земјата од загадување, но една организација тоа го прави од 2009 година.

Clean the World е организација која рециклира хотелски сапуни и други средства за хигиена што остануваат неискористени од гостите.

Во партнерство со иницијативата Global Soap Project и над 5.000 хотелиерески објекти низ Северна Америка, ги реупотребуваат сапуните и од нив прават нови.

На овој начин успешно ги рециклираат средствата за хигиена што остануваат во хотелските соби, а крајниот производ завршува таму каде што е најпотребен. Од 2009 година, Clean the World има дистрибуирано над 45 милиони сапуни до деца и семејства во 127 земји ширум светот на кои им се потребни овие основни средства за хигиена.

Повеќе за организацијата и кампањата погледнете во овие видеа:

Коментирај