Што се случува со шеќерот во крвта додека пиеме алкохол?

Шеќерот во крвта е главен извор на енергија на секое тело, а го црпи од храната и пијалаците.

Кога јадете храна или пиете нешто што содржи јаглехидрати и калории, шеќерот во крвта обично расте. Кога пиете алкохол, шеќерот во крвта може да порасне или да опадне. Дали ќе порасне или ќе опадне зависи од тоа што пиете, колку пиете и како вашето тело реагира на алкохолни пијалаци, пишува Eat This, Not That.

Пад на шеќерот

Некои истражувања покажаа дека возрасните луѓе со дијабетес кои умерено консумираат алкохол можат да забележат благо подобрување на својата чувствителност на инсулин. Во повеќето случаи, прекумерното пиење алкохол може да предизвика штетен пад на шеќерот во крвта.

Причината за тоа лежи во една од примарните задачи на црниот дроб – производство и ослободување на глукоза во крвотокот за да се помогне во рамнотежата на шеќерот во крвта.

„Консумацијата на алкохол го нарушува овој процес и вашиот црн дроб и понатаму дава предност на преработката на алкохол наместо на ослободувањето глукоза, што може да доведе до низок шеќер во крвта“, објаснува нутриционистот Вандана Шет.

Кога шеќерот во крвта е пренизок, вашите клетки немаат доволно енергија. Тогаш, луѓето се чувствуваат слабо, гладни се, нервозни, а понекогаш се појавува и главоболка. Ниското ниво на шеќер во крвта може да предизвика ослободување на адреналин кој предизвикува забрзана работа на срцето, потење, тресење и мачнина. Ако продолжи падот, а црниот дроб не испраќа глукоза во крвотокот, човекот може да почувствува збунетост, нејасно да зборува, па дури и да добие напади. Во многу ретки случаи можно е да дојде со смрт.

Ненадеен пораст на шеќер во крвта

Консумацијата на алкохол може да предизвика ненадеен пораст на шеќерот во крвта, тоа често се случува кога пиете слатко вино или пиво, бидејќи станува збор за пијалаци богати со јаглехидрати. Истиот ефект го имаат и коктелите кои содржат шеќер, сода или овошен сок.

Алкохолните пијалаци често отвораат апетит за чипс, пица, печива или друга храна богата со јаглехидрати, што може да го направи падот и растот на шеќер во крвта уште поизразен.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе