Што сè видовме на Викенд на гордоста - Скопје 2024?

На дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје имавме прилика да проследиме шест настани од различен карактер, секој на свој начин адресирајќи го тематот на овогодишното издание Останувајќи со нелагодноста. Тие ги истражуваа потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, непријатноста, – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.

Погледнете го видео записот од овогодишното издание на ОВОЈ ЛИНК.

Фестивалската програма започна со предавањето на познатата феминистичка истражувачка и теоретичарка Сара Ахмед, насловено „Смарањето (Killing Joy) како квир проект“ и концертната промоција на новиот албум на триото СВЕТЛОСТ – „Everything Was As It Had Been a Minute Ago“, која се реализираше во соработка со дискографската куќа PMGJazz. Викендот на гордоста официјално се отвори со концерт на музичарот и перформер Mykki Blanco, настап во живот на RnB кралот DZIPSII, два настапи на локалните дрег уметници Tōkyō de Ville и Divon Jane и диџеј сет на перформанс артистката и истражувачка Ивана Драгшиќ.

Во рамки на перформативната програма на фестивалот се одржа соло танцовиот перформанс BATTY BWOY, во изведба на норвешко-јамајканскиот изведувач и кореограф Harald Beharie и танцовиот дует LOUNGE во изведба на Marga Alfeirão, Mariana Benenge, Myriam Lucas и Shaka Lion. Викендот на гордоста се затвори традиционално со вечерта на раскажување квир приказни – СРАМОТА!, модерирана од Румена Буџаровска и Катерина Попова. 

„Им благодариме на сите што нѐ поддржаа во кој било капацитет, и на сите уметници кои го споделија својот свет со нас. Посебна благодарност до: Сара Ахмед, Душица Лазова, СВЕТЛОСТ, Мики Блканко, DZIPSII, Ивана Драгшиќ, Токио, Дивон Џејн, Харалд Бехари, Марга Алферијао, Маријана Беенге, ПичПрич и Христина Иваноска и благодарност до нашите партнери и достапни локации: Медуза, Тиииит.Инк., ПичПрич, ТрансФормА, Локомотива, ПМГ Џез, МКЦ Скопје, МСУ Скопје и Станица 26“, велат од Фестивалот куриран од Славчо Димитров, а во организација на Стефан Богески, Љубомир Фаизов, Мања Величковска, Наталија Видинска Атанасов, Јован Јосифовски и Грација Атанасовска.

Организаторите Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка беа несебично поддржани од: Heinrich Böll Stiftung, Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондацијата Фридрих Еберт, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација отворено општество Македонија, Француска амбасада во Северна Македонија и International Trans Fund – ITF.

Фестивалскиот зборник, во рамки на кој се преведоа клучни квир и феминистички текстови од Сара Ахмед, Дона Харавеј и Лорен Берлан, останува достапен онлајн на следниов линк.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Знамиња со свастики се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Читај повеќе

Јапонија увезе ориз од Јужна Кореја за прв пат по 25 години

Читај повеќе

Германија сака да привлече млади луѓе во војската со бесплатен возачки испит

Читај повеќе

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе