Што се знае за првата регистрирана вакцина против коронавирусот?

Русија вчера ја регистрира првата светска вакцина против коронавирусот. Што знаеме за неа, за каква вакцина станува збор?

Вакцината е развиена од рускиот Национален истражувачки центар Гамалеја, а во процесот на нејзиното создавање се користени мртви честички на база на аденовирус. Директорот на институтот, Александар Гинцбург истакна дека нема потреба за загриженост по здравјето, бидејќи овие честички во вакцината не можат да се размножуваат.

Клиничкото име на вакцината е Gam-COVID-Vac Lyo, но е наречена Sputnik V, по првиот вештачки сателит од 1957 година.

Како минаа клиничките испитувања?

За сега официјално се објавени резултатите само од првата фаза на клиничкото испитување на вакцината која почна на 17 јуни, а во неа учествуваа 78 луѓе од кои 38 примија вакцина.

Пред една недела Гамалеја објави дека се завршени клиничките испитувања. Претходно од Русија имаше информации дека третата фаза на испитување, која би требало да покаже ефикасност на вакцината во реални животни ситуации, ќе биде одржана дури по регулаторно одобрување на вакцината.

Како влијае вакцината на човечкиот организам?

Засега од официјалните извештаи на Гамалеја е познато дека кај примањето на оваа вакцина можно е да се појави зголемена телесна температура. Гинцбург истакна дека некои испитаници во првата фаза на тестирање кренале температура до 38 степени, но со парацетамол истата се намалила.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека и неговата ќерка била еден од волонтерите кои примиле вакцина.

Кога може да ја очекуваме вакцината во продажба и кој прв ќе ја прими?

Заменичката на рускиот премиер Татјана Гољикова изјави дека индустриското производство на вакцината ќе почне во септември. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашков изјави дека здравствените работници овој месец ќе ја примат вакцината, а масовна вакцинација може да се очекува во октомври.

Луѓето кои ќе примат од руската вакцина ќе бидат имуни две години на коронавирусот, соопштија од руското Министерство за здравство.

Шефот на Рускиот фонд за директни вложувања, Кирил Дмитриев изјави дека 20 држави ширум светот побарале повеќе од милијарда дози. Тој додаде дека Русија, заедно со странски партнери, веќе е подготвена да произведе повеќе од 500 милиони дози на вакцината во пет земји, а планот е уште повеќе да се зголемат производствените капацитети. Досега земји од Јужна Америка, Блискиот Исток и Азија покажале најголем интерес за вакцината.

Руската вакцина допрва треба да ја мине клучната трета фаза на тестирање, а Дмитриев рече дека испитувањата ќе се спроведуваат во странство.

„Веќе постигнавме договори за спроведување релевантни испитувања на вакцината со партнери од ОАЕ, Саудиска Арабија и бројни други земји“, додаде тој.

Тој коментираше и на критики насочени кон вакцината и спомена оркестрирани медиумски напади на руската вакцина, како обид за дискредитирање, пренесе CNN.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе