Што си кажале Макрон и Путин четири дена пред руската инвазија на Украина?

Четири дена пред Русија да ја нападне Украина, Емануел Макрон упатил очајнички телефонски повик до Владимир Путин во обид да го одврати од војна.

Двочасовниот разговор е последната сцена од документарниот филм „Претседателот, Европа и војна“ на новинарот Гај Лагаш. Тој ја следеше француската влада за време на претседавањето со ЕУ во првата половина од оваа година, пишува Deutsche Welle.

Соработниците на францускиот претседател преку звучници во соседната соба го следат телефонскиот разговор со Путин. Пишуваат белешки, му ги предаваат на Макрон.

Тој и Путин си се обраќаат на име и не си персираат.

„Владимир, можеш ли да ми го објасниш твоето гледање на ситуацијата?“, прашува Макрон. „И отворено – како што сме навикнати – да ми ги објасниш твоите намери?

„Што да кажам?“, возвраќа Путин. „Знаеш што се случи.“ А потоа вели дека Украина ги прекршила договорите од Минск со кои требаше да се стави крај на војната со сепаратистите во Донбас. Путин вели и дека Киев има нуклеарно оружје, што Макрон го дочекува со неверување. Шефот на Кремљ, исто така, вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не прави ништо „за спроведување на (договорот од) Минск“. „Тој те лаже“, му вели тој на Макрон.

Што сака Макрон?

Документарецот ги открива обидите на Макрон да посредува во последен момент и го носи гледачот зад сцената. Има разговори со Путин кои на крајот се залудни. Новинарот Лагаш на премиерата на филмот во Париз рече дека сака да покаже до кој степен политиката е сложена, особено во време на популизам и војна.

Макрон никогаш не криел дека сака директна комуникација со Путин. Критичарите велат дека францускиот претседател се преценува себеси или дека е наивен ако мисли дека може да влијае на Путин.

„Ме интересираше зошто Макрон разговара со Путин иако тој лаже, а неговите војници вршат воени злосторства. Која е политичката стратегија на Макрон кога повторува дека Русија не смее да биде понижена?“, рече Лагаш во едно интервју за радио.

Во познатиот телефонски разговор на 20 февруари, Макрон еднаш го покачува тонот на гласот кон Путин. И тоа кога рускиот претседател бара да се спроведат барањата на сепаратистите од Донбас.

„Не знам каде твоите адвокати учеле право и закон кога велат дека во суверена држава нацрт-законите треба да ги предлагаат сепаратистите, а не демократски избраната влада“, вели Макрон.

Путин одговара дека украинските власти не се демократски избрани. „Тие дојдоа на власт со крвав пуч. Палеа живи луѓе.“

„Путин секогаш лаже“

Макрон се обидува да посредува. Тој нуди разговор со Зеленски и бара од Путин да ги повлече војниците од границите на Украина за да се смири ситуацијата. Тој предлага средба со американскиот претседател Џо Бајден во Женева. Путин во принцип се согласува, но вели дека мора да се консултира со Кремљ.

Во филмот се гледа шефот на француската дипломатска служба како вели: „Путин секогаш лаже“. Навистина, средбата предложена од Макрон не се одржа. Руските трупи ја извршија инвазијата.

На крајот од разговорот, Путин кажува кои се неговите приоритети: „Ти благодарам, Емануел. Секогаш ми е убаво да разговарам со тебе бидејќи имаме взаемна доверба“, вели тој. „Не сакам ништо да кријам од тебе, но сега ќе одам да играм хокеј.“

Четири дена подоцна, руските војници ја преминаа границата со Украина.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе