Што си ветија Шојгу и Ким Џонг Ун на средбата во Северна Кореја?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со еден од најблиските луѓе на Владимир Путин, Сергеј Шојгу, за да разговараат за продлабочување на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, објави денеска државниот медиум KCNA.

Тие разговараа за „широка размена на мислења за регионалните и меѓународните ситуации“ и постигнаа задоволителен консензус за прашања, вклучително и ветување за поголема „соработка во одбрана на заедничките безбедносни интереси“, објави KCNA.

Ким Џонг Ун рече дека Северна Кореја ќе продолжи да ја проширува соработката со Русија во согласност со стратешкото партнерство меѓу двете земји, пренесе KCNA.

САД и Украина, како и многу други земји и независни аналитичари, тврдат дека Ким ѝ помага на Русија во војната во Украина со тоа што и обезбедува ракети и проектили во замена за економска и друга воена помош од Москва. Москва и Пјонгјанг ги негираа обвинувањата, но ветија дека ќе ја зајакнат својата воена соработка и потпишаа сеопфатно стратешко партнерство во јуни.

Шојгу, поранешен руски министер за одбрана, а сега секретар на Советот за безбедност, сигнализираше почеток на поблиски односи меѓу Северна Кореја и Русија за време на неговата посета на Пјонгјанг минатиот јули.

реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Трамп одобри да се купува руска нафта

Read more

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Read more

Свет

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

Read more

Руте: САД нема да излезат од НАТО

Read more

Санчес ги собра левичарските светски лидери против десницата и војната

Read more

Дали Иран ќе ја врати строгата контрола врз Ормутскиот Теснец поради блокадата на САД?

Read more
 

Вести

Трамп одобри да се купува руска нафта

Читај повеќе

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Летаа молотови коктели на протестите во Тирана: Солзавец и водни топови за демонстрантите 

Читај повеќе

Руте: САД нема да излезат од НАТО

Читај повеќе

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Читај повеќе

Санчес ги собра левичарските светски лидери против десницата и војната

Читај повеќе

Дали Иран ќе ја врати строгата контрола врз Ормутскиот Теснец поради блокадата на САД?

Читај повеќе

Бугарите утре гласаат на осмите парламентарни избори во пет години

Читај повеќе

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе