Жените низ животот поминуваат низ различни промени на телото.
Како што старееме, особено по навлегувањето во четириесеттите, метаболизмот е еден од првите процеси што природно се забавува.
Ова може да го отежне слабеењето и одржувањето на нивото на енергија.
За среќа, природата ни нуди голем број на намирници кои можат да го забрзаат метаболизмот и да го поддржат општото здравје.
Нутриционистите Бренда Пералта, Лиза Ричардс и Кетрин Жервасио открија пет такви намирници кои можат да помогнат во забрзување на метаболизмот и одржување на целокупното здравје по 40-тата година од животот.
„Лиснатиот зеленчук е нискокалоричен, а преполн со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна кои се важни за енергетскиот метаболизам. Тие се исто така добар извор на калциум, магнезиум и витамин К за посилни коски“, објаснува Жервасио за SheFinds.
Таа додава дека ова им помага на жените над 40 години да го намалат ризикот од остеопороза и да го поддржуваат здравјето на коските за време на вежбањето.
Овесната каша е исто така одличен избор.
„Овесот е богат со сложени јаглехидрати и диетални влакна, особено со бета-глукан“, вели Жервасио. Ова растворливо влакно го забавува варењето и му помага на телото постепено да ги апсорбира јаглехидратите, што обезбедува рамномерно ослободување на енергија во текот на денот.
Јајцата се разновиден и популарен извор на протеини кои исто така можат да помогнат во забрзување на вашиот метаболизам.
„Истражувањата покажаа дека јадењето јајца не само што го забрзува метаболизмот, туку и го зголемува чувството на ситост“, истакнува Пералта. Ова значи дека ќе се чувствуваме посити подолго, што ја намалува потребата од прејадување со преработени грицки во текот на денот.
Една одлична храна што можеме да ја јадеме за појадок или во кое било време во текот на денот е грчкиот јогурт, кој е полн со придобивки за целото тело. Според Пералта, една просечна порција (170-200 грама) грчки јогурт содржи 15-20 грама протеини.
„Тоа е повеќе од доволно за ужина, а исто така е одличен избор за појадок кој го заситува метаболизмот“, додаде таа.
Слаткиот компир е хранлива храна, богата со витамин А, влакна и други корисни витамини и минерали кои ги поддржуваат метаболичките процеси.
„Овие хранливи материи го прават слаткиот компир одличен извор на храна за здравјето и функционирањето на имунолошкиот систем“, заклучи Ричардс.