Што ви се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Кога е ерекцијата најсилна, колку трае и како точно делува лекот „вијагра“ се само дел од прашањата кои многу мажи си ги поставиле во врска со овој популарен лек за потенција кој се користи и за „екстра стимулација“.

Еректилната дисфункција погодува дури 50% од мажите над 40 години, а причините варираат од лоша циркулација, нездрави животни навики и пиење лекови и алкохол.

Со години, „вијагра“ е најпопуларниот лек за потенција. Иако е добро познато кој е резултатот на лекот, малкумина знаат како точно функционира и што се случува во телото откако ќе го голтнете „малото сино апче“.

Фармацевтската компанија Superdrug реши да одговори како лекот „вијагра“ делува од минута во минута.

Во првите 12 минути

Во овој временски период, лекот веднаш ќе се апсорбира во телото и околу 20% од мажите во првите 12 минути ќе добијат ерекција. Нуклеотидот cGMP предизвикува собирање и опуштање на крвните садови, што ја олеснува циркулацијата, па лекот брзо поминува низ крвотокот. Меѓу оние кои веднаш добиваат ерекција можно е да има и случаи на плацебо ефект, бидејќи тоа е она што го посакуваат.

27 минути

Ако нема промена во првите 15 минути, ерекцијата обично ќе се случи во наредниот половина час. Во тоа време, лекот го поврзува ензимот PDE5 кој го раствора cGMP и го редуцира протокот на крв. Тогаш, поголема количина на cGMP е достапна во вените, што овозможува поголем проток на крв во пенисот. Просечното време за првата реакција на лекот „вијарга“ е 27 минути по земањето. Сепак, експертите нагласуваат дека тоа е само просек и дека нема потреба за загриженост ако ерекцијата се појави десетина минути порано или подоцна.

57 минути

Ова е периодот во кој „вијаграта“ го има достигнато својот „максимален ерекциски потенцијал“. Лекот достигнува највисока концентрација во крвта и токму затоа се препорачува да се земе таблетата половина час до еден час пред сексуалниот однос.

Четири часа

На секои четири часа откако лекот влегол во организмот, ефектот се намалува за 50%, но експертите истакнуваат дека уште може да се обавува сексуалната функција. Во првите четири часа можно е да имате постојана ерекција, а потоа може да се пјавува и да исчезнува.

10 часа

Дури и по 10 часа, лекарите утврдиле дека мажите може лесно да постигнат ерекција. По 10 часа од земањето на апчето, ерекцијата во просек трае 23 минути, додека по 12 часа во просек по 16 минути.

реклама

Не сме знаеле дека индиски ореви растат во Македонија

Read more

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

Судијата заплака по вчерашниот скандал со Милан, Ибра се покажа како џентлмен

Read more

IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Read more

Љубов и секс

Како сексот да трае подолго?

Read more

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

10 особини кои откриваат дека сте добри во кревет

Read more

Во што жените најчесто грешат кога флертуваат?

Read more
 

Магазин

Како сексот да трае подолго?

Читај повеќе

Интелигентните луѓе се „ноќни птици“

Читај повеќе

Природни состојки против темните кругови под очите

Читај повеќе

Пијалоци од кои треба да се откажете за да избегнете висок холестерол

Читај повеќе

IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Читај повеќе

Ситуации и места каде што е најлесно да се заразите со омикрон

Читај повеќе

Секој има темна страна: Кој хороскопски знак е токсичен за вашиот?

Читај повеќе

ЕМА: Постојани бустери може лошо да влијаат врз имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто сонуваме?

Читај повеќе