Веројатно ви е познато она чувство кога дури и по доволно часови спиење, се будите уморни. Тогаш попрво би останале во кревет откажувајќи ги сите обврски, отколку да станете од креветот.
Што всушност доведува до чувство на умор? Овие три симптоми можат да ви помогнат да ја сфатите причината.
Нутриционистите нагласуваат дека постојат различни причини кои доведуваат до појава на ненадеен нагон за спиење во текот на денот, толку силен што едвај се трудите да ги држите очите отворени.
Експертите ги класифицираа видовите умор. Нутриционистот Џеки Лајнч објаснува дека ненадејниот пад на енергија најчесто се поврзува со пад на нивото на шеќерот во крвта. Во тие случаи е најдобро да посегнете по квалитетен извор на шеќери, како што е овошјето.
Ако во некој момент во денот се почувствувате „празно“, а покрај тоа чувствувате и грчеви во мускулите и главоболка, можно е да ви недостига магнезиум.
Често, физичкиот недостиг на сила е поврзан со недостиг на магнезиум во крвта. Ако среде некоја активност почувствувате дека едноставно не можете понатаму, можно е исцрпеноста да е предизвикана токму поради тоа.
Тоа чувство е почесто кај жените во текот на менструален циклус, особено ако се пообилни.
Чувствувате дека мозокот ви е „уморен“ и едноставно не може да функционирате? Нарушувањето на концентрација и неможноста да се фокусирате на кој било вид интелектуална умствена работа може да биде поврзана со недостиг на витамин Б. Во тој случај треба да земате Б комплекс, витамини важни за нервниот систем.
Хроничниот стрес и честото консумирање алкохол влијаат на намалувањето на количините на овој витамин во крвта, а може да се надомест со квалитетна исхрана богата со зелен лиснат зеленчук.
Истовремено ако сте уморни и напнати тоа може да биде последица од преголемо консумирање кафе. Нутриционистите предупредуваат дека може да се работи и за други пијалаци полни со кофеин, како газирани сокови или засладени напивки.