Швајцарците ќе закопаат 2.000 пара гаќи во име на науката

Ширум Швајцарија, земјоделците и сопствениците на градини ќе закопаат 2.000 пара бела долна облека како дел од научната студија за квалитетот на почвата.

Државниот институт за истражување Агроскоп ќе им испрати два пара памучни гаќи на волонтерите кои учествуваат во истражувањето, а нивната задача е да ги закопаат во земја во нивната градина или на друго обработливо земјиште во нивна сопственост.

По одредено време, гаќите ќе бидат ископани и испитани во каква состојба се, што ќе биде показател за степенот до кој малите организми го разложиле текстилот.

„Тоа ќе биде показател за квалитетот на почвата“, рече раководителот на проектот, Марсел ван дер Хејден.

Екологот исто така откри за dpa дека тие веќе извршиле слични експерименти во Канада, но не толку обемни. Претходно беа закопувани ќесички чај како дел од студијата за квалитетот на почвата.

Волонтерите кои одговорија на повикот на Агроскоп, за споредба ќе закопаат и стандардизирани ќесички чај во земјата и ќе земат примероци од почва за да ја тестираат веродостојноста на новиот метод во кој се користат памучни гаќи. Проектот се спроведува под името Evidence Underpants (Доказ гаќи).

Едниот пар гаќи ќе биде откопан и фотографиран откако ќе биде под земја еден месец, а другиот ќе биде откопан по два месеци. Распаѓањето на природните влакна потоа ќе се анализира со дигитален метод - колку повеќе дупки имаат гаќите, толку е поздрава почвата.

Хајден рече дека една од целите на студијата е да се потенцира како почвата е загрозена од ерозија, прекумерна употреба на ѓубриво и градежништво.

Експертите на Агроскоп велат дека секоја година во светот целосно се уништува област со површина двапати поголема од Швајцарија. Во такви области подоцна е невозможно да се изврши каква било земјоделска работа, бидејќи почвата е неплодна.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе