Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Светската ракометна федерација (ИХФ) ѝ врачи специјална покана на Швајцарија за настап на Светското првенство наредната година. Швајцарците одиграа два драматични натпревари во баражот против Словенија, а на крајот Словенците се пласираа на Мундијалот.

Две селекции од регионот, Србија и Црна Гора се надеваа, но на крајот извисија за специјалната покана.

Иако претходно беше најавено дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) во дописот доставен до ИХФ наведува дека врз основа на пласманот на Европското првенство, Црна Гора е прва на листата на замени, а по неа се Швајцарија, Србија, Грузија и Фарски Острови, сепак ИХФ донесе поинаква одлука.

За потсетување, во баражот Србија по голема борба беше поразена од големиот фаворит Шпанија, додека Црна Гора се изрезили против аутсајдерот Италија.

Покрај резултатите и квалитетот на изборот на кандидатите, ИХФ се осврна и на економскиот аспект, поточно можноста за продажба на ТВ правата, а Швајцарија кога сето тоа ќе се собере, беше најпосакувана.

Дополнително, треба да се нагласи дека ИХФ воопшто во предвид ги немала Србија и Црна Гора, туку покрај Швајцарија во игра биле Кина и Саудиска Арабија.

Од просторите на поранешна Југославија покрај Македонија пласман изборија Хрватска (како еден од домаќините) и Словенија.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Ракомет

Лазаров: Ова е голем успех за клубот, за ракометарите и за македонскиот ракомет

Read more

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Read more

Крај на сезоната за Марко Митев

Read more

Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари за настапот во Хрватска

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе