Шведска ќе ја преиспита стратегијата во борбата против коронавирусот

Б.С.Б.
/ 12.05.2020 / 15:36

Шведска ќе ја ревидира стратегијата во борбата против коронавирусот откако процентот на смртност во домовите за стари лица излезе од контрола, пренесува Bloomberg.

Премиерот Стефан Лофвен планира да потроши 220 милиони долари на здравствен персонал за да се заштити највозрасната популација во државата. Уште толку пари ќе бидат наменети за локалните власти за дополнителните трошоци кои ги имаа во борбата против пандемијата, објави Владата.

Како и во останатите земји во светот, и во Шведска има најголем број на починати од повозрасно доба, но критичарите тврдат дека многу од тие жртви би можеле да бидат избегнати ако властите подобро се фокусираа на заштитата на најранливите категории.

Шведска веќе покрена истрага поради големиот степен на смртност во домовите за стари лица. Половина од оние постари од 70 години, кои починаа од последици на COVID-19, живееја во домови, покажува статистиката. Вкупниот број на починати во Шведска од коронавирус е 3.370. Бројот на заболени е 27.874, додека направени се 148.500 тестирања.

Шведскиот пристап на пандемијата стана топ тема на меѓународни дебати, откако Швеѓаните зазедоа порезервиран став од останатите држави. Наместо строги рестрикции и карантин тие надежта ја ставија во примерното однесување на жителите и нивната способност да се придружуваат на правилата на социјално дистанцирање.

Во земјата цело време се отворени теретаните, училиштата, рестораните и продавниците. Економијата засега е заштитена од најлошото, но процентот на починати е 32 проценти на секои 100.000 жители.

За споредба, најпогодена земја во светот е САД, каде има 24 проценти на смртност, додека во Данска е 9 проценти. Главниот епидемиолог на Шведска, Андерс Тегнел вели дека борбата против коронавирусот е долготраен процес, мислејќи притоа дека привремените мерки за карантин се краткорочни решенија. Штом се укинат, заразата ќе продолжи, смета тој. Наместо тоа, умерените мерки на рестрикција кои дозволуваат нормален живот се поефективни и му овозможуваат на општеството полесно да ја мине епидемијата.

За разлика од Шведска, Данска воведе модел кој покажа конкретни резултати. Оваа земја рано одлучи да воведе карантин и строги рестрикции. Сега се наоѓа во втората фаза на повторно оживување на економијата, а најновите податоци сугерираат дека опаѓа бројот на заразени. Процентот на смртност е скоро третина на оној во Шведска.

Сега во Данска се отворени поголем дел од институциите, училиштата и фризерските салони. Оваа недела ќе бидат отворени и трговските центри, прв пат во два месеци, а музеите и кината во следниот период. Во оваа земја се регистрирани 10.669 позитивни случаи, 533 починати и 8.328 закрепнати. Активни случаи има 1.730. Досега се направени 334.260 тестирања.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе