Сиа го претстави новиот сингл „Together“
Американската пејачка Сиа го претстави новиот сингл „Together“ кој ги најавува албумот и филмот „Music“.
Сиа го напиша и режира филмот „Music“ во кој се појавуваат Кејт Хадсон, Лесли Одом Џуниор и Меди Зиглер. Ова е нејзин прв филм, а менаџерот Џонатан Даниел објасни дека песната „Together“ ќе биде пуштена пред крајот на филмот.
Песната е со порака колку е важно да се сакате себе, без разлика на минатото.