Сигурни партнери на пат: Ова се автомобилите во кои возачите најмногу имаат доверба

Едно од најчесто поставуваните прашања кај потенцијалните купувачи, многу често не добива едогласен одговор.

Секако, има бројни истражувања направени врз основа на искуствата на сопственци на автомобили, но голема улога играат и статистичките податоци за бројот и природата на сервисни интервенции за моделите, па некако се составува листата на модели на автомобили во кои возачите имаат најмногу доверба, односно се чувствуваат најбезбедно да тргнат со нив на пат.

На овие листи редовно високо котираат јапонските и корејските брендови, а тука некаде се и германските.

Дното на листата речиси секогаш е „резервирано“ за италијанските и британските модели.

Секако, треба да се направи разлика меѓу истражувањата за доврбата во автомобилот и од чувството на задоволност на сопственикот од возилото, како и дали се работи за нов или половен автомобил.

Што велат податоците од Consumer Reports?

Consumer Reports, претходно позната како Consumers Union, е американска непрофитна организација што се занимава со независно тестирање на производи, истражувачко новинаство, истражувања ориентирани кон потрошувачите, едуцирање на јавноста и заштита на потрошувачите.

Резултатите од годинашниот извештај за нивото на доверба во автомобилските брендови Annual Auto Reliability Survey покажуваат дека традиционално, високо се позиционираат јапонските брендови како Lexus, Mazda и Toyota.

Исто така може да се забележи дека има подобрување кај некои британски брендови, особено поради редизајнот, па така сега повисоко котираат Mini и Chrysler.

Од Consumer Reports истакнуваат дека има модели кои „стојат во место“, односно не забележале подобрување од 2018 година кога биле лансирани, како Atlas и Tiguan на Volkswagen.

Рекорден пад во една година забележа Acura – цели девет места.

Интересно е што пад забележаа и два бренда кои се германска гордост, Audi и BMW, а со подобрување не може да се пофали ни Subaru. Новите A6, X5 и Forester го соборија резултатите на овие брендови. Уште едн интересен факт е дека во групата „проблематични“ влегува и новиот BMW Series 3, како и Audi Q8.

Подобрување за Tesla

Компанијата Tesla редовно беше критикувана поради ниското рангирање во поглед на тоа дали потрошувачите имаат доверба во овој автомобилски бренд. Сите модели претходно котирале прилично ниско на листата. Сега има подобрување и стигна до класификација „препорачливи“, а тоа особено важи за Model 3 и Model S. Сепак, Tesla уште се рангира ниско – на 23-то од вкупно 30 места.

Со просечен резултат од 81 бод (од можни 100), на врвот се наоѓа Lexus. По него следат Mazda и Toyota со 77 бодови, а потоа Porsche (75) и Genesis (71), кои го заокружуваат топ 5.

На дното е еден луксузен американски бренд. Cadillac со 23 освоени бодови е полош и од Alfa Romeo (27), Acura (29), па и Volkswagen (33). Да, VW падна за девет места, а причините се поврзани со електрониката, опремата и системот за гориво.

Гледано по модели, сепак најлоши се американските - Chevrolet Colorado со 4 и Chevrolet Camaro со 5 бодови.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе