Северниот дел на Италија вчера беше погоден од низа торнада. Настаната е голема материјална штета, но за среќа нема жртви.
Околу подрачјето на Милано и Торино има силни поплави, а на некои места наврнаа повеќе од 220 мм дожд по метар квадратен за 24 часа.
Силните ветрови откорнаа дрвја и столбови за улично осветлување. Најлоша беше ситуацијата во Ломбардија каде имаше 6 торнада, пренесе Severe Weather.