Силна бура ја погоди Австралија

МИА/КАЈГАНА
/ 25.05.2020 / 16:27

Околу 65.000 домаќинства и компании останаа без електрична енергија од силното невреме што го погоди западниот брег на Австралија веќе втор ден по ред. Засега нема извештаи за повредени.

Џон Брумол, официјален претставник на Одделот за противпожарни и итни случаи на австралиската држава Западна Австралија, рече дека бура од ваков вид се случува еднаш во десет години.

Бурата погоди област од 1.200 километри на западниот брег на Австралија од Карнарвон до Кејп Луин, вклучувајќи го и главниот град на австралиската држава Перт, со налети на ветрот од над 90 километри на час во текот на ноќта, изјави првиот човек на Бирото за метеорологија, Нил Бенет.

Брзината на ветерот достигна 132 километри на час на Кејп Луин, што е најсилната брзина забележана во мај уште од 2005 година.

Обилните дождови го погодија крајбрежјето, а дождот и брановите високи осум метри предизвикаа поплави на брегот, рече Бенет. Бурата се движеше по должината на брегот, вклучително и областа околу Перт, но особено го погоди југозападниот дел на државата Западна Австралија. 

Околу 65.000 домаќинства и фирми останаа без електрична енергија среде невремето, но во меѓувреме, за многумина е воспоставено снабдување, додека 24.000 домаќинства сè уште немаат електрична енергија, рече премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгуан.

Западна Австралија е една од најголемите држави или провинции во светот. Американската држава Алјаска опфаќа помалку од две третини од копнената површина на таа австралиска држава. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе