Симеоне: Не е можно, Диего не може да умре

Диего Симеоне е сѐ уште во неверување дека повеќе го нема неговиот поранешен соиграч и добар пријател.

Симеоне и Марадона на Мундијалот во САД 1994

Како и цела Аргентина, во неверување се и фудбалските пријатели на Марадона. Еден таков е стратегот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне.

„Тешко е. Кога ќе ти се јават и ќе ти кажат дека починал Диего, си велиш 'Диего не може да умре'“, вели Симеоне.

„Заминува легенда, Аргентинец кој целиот својот бунт на борба помеѓу неговите позитивни и негативни страни ги претвори во одење само напред. Само со гледање како игра можеше човек да се возбуди за фудбалот“.

Симеоне и Марадона играа заедно во Севиља во сезоната 1992/93 кога помладиот тогаш пристигна, а постариот наредното лето замина во татковината. Играа заедно и во репрезентацијата на Аргентина за која настапија на Мундијалот 1994 во САД.

Симеоне и Марадона во дресот на Севиља

„Во моментот кога ќе ти кажат за неговата ситуација, си велиш: 'Не е можно, тој секогаш се враќа'. Овој пат не може да се врати, но тој секогаш ќе биде со нас, особено со Аргентинците, тој е легенда и ни предизвикува еден куп тага и празнина - не е можно“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе